Хрватска повторно со висок број новозаразени, денеска 250


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 250 нови случаи со корона вирус.

Активни се 2.108, а од нив 300 пациенти се на болничко лекување, додека 24 се на респиратор. Починаа двајца.

Досега во Хрватска од Ковид-19 заболеле 14.279 луѓе, од кои 238 починаа, додека 11.933 оздравеа.

Во самоизлоација се 8.756 лица.
Вкупно се тесирани 242.886 примероци.