Хрватска повторно со висок број новозаразени, денеска 241


 

Во Хрватска во последните 24 часа потврдени се 241 новозаразени со корона вирус, а бројот на активни случаи е 1.447.

Според Штабот за цивилна заштита, 289 пациенти се во болница, а од нив 23 на респиратор.

Починаа двајца пациенти, со што од Ковид-19 во Хрватска вкупно досега починаа 293 лица.

Вкупно се заразија 17.401, а оздравеа 15.661 пациенти.

До денеска тестирани се 321.551 луѓе, од кои 4.352 во последните 24 часа.