Хрватска повторно со многу починати од Ковид-19


 

Во последните 24 часа забележани се 1.643 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 13.881.

Меѓу нив 2.662 пациенти се на болничко лекување, од кои 280 на респиратор.

Починаа 84 пациенти, што е втор најголем број починати во еден ден со Ковид-19 откако еднаш имаше дури 92 жртви.

Од февруари досега во Хрватска забележани се 203.962 заразени, од кои починаа 3.548, а оздравеа 186.553 лица.

До денеска тестирани се 989.014 лица, а во последните 24 часа оздравеа 6.164.