Хрватска: Нови 54 случаи со Ковид-19


 

Во изминатите 24 часа забележани се нови 54 случаи на заразени со корона вирус, со што вкупниот број активни случаи во Хрватска се искачи на 568.

Во болница се лекуваат 80 пациенти, од кои двајца на респиратор.

Почина едно лице.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се забележани 2.831 случаи на заразени со вирусот, починаа 108 пациенти, а оздравеа 2.155. Во самоизолација во моментот се 3.594 лица.