Хрватска нема да се затвора


 

Хрватска нема да биде затворена со цел спречување на ширењето на корона вирусот, изјави директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

Место тоа, ќе се настојува на друг начин да се ограниќат изворите на зараза.

Цапак за РТЛ рече дела за жал, епидемијата се проширила, но дека за сега нема да има намалување на бројот на учесници на свадба, на пример. Иако, тоа секога е на маса.

Додаде дека нема да се затвораат ни ноќните клубови кои исто така, се жариште.

„Внимателно ја следиме ситуацијата, тој број се намали, а од друга страна контролите вродија со плод, па немаме повеќе извештаи дела нешто негативно се случува или дека луѓето не ги следат мерките“, вели Цапак.

За маските, кои сега се задолжителни само со јавниот превоз и затворен простор, Цапак вели дека Штабот долгорочно размислува.

„Сега размислуваме за есента, за вториот бран, што не жека кога ќе дојдат и другите респираторни инфекции. Свесни сме дека ќе мора да ја подготвиме нашата популација дека на есем може же мора маски да носат и на други места“, вели тој.

Се размислува за снимање спотови во кои ќе им се објасни на граѓаните што значи маската, како ги штити од вирус, како и кога се уптребува.

А, ако таа мерка не се почитува тогаш ќе се донесе мерка со која носењето маска ќе стане обврска.