Хрватска нема да ја чека ЕУ, бара дозвола за „спутник V“


 

Министерствто за надворешни работи на Хрватска побара од руската страна документација за вакцината „спутник V“.

Врз основа на тоа Хрватската агенција за лекови и медицински производи може да даде одобрение за интервентен увоз, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.

Се повеќе европску земји преговараат со Русија, покрај тоа што нивната вакцина нема одобрение од Европската агенција за лекови. Сека преговорите се во тек, зборува и информацијата дека министерот за за здравство во вторникот разговарал со руската амбасада за вакцини, неофицијално дознава „Јутарњи“.

Имено, се зборувало за милион дози, но токму одобрението, односно соодветната документација и регулатива за увос претставуваат најголем проблем. Дека постои можност да не се чека одобрение од ЕМА потврдува и ХАЛМЕД, во кој појаснуваат дека во случај на вонреден увоз на вакцини кои не се одобрени во ЕУ, вакцината може да се стави во промет во Хрватска.

Ситуацијата во набавката на вакцини од сите три комапнии, од кои Хрватска нарача големи количини, е полоша отколку што беше. САД ја регистрира вакцината „Џонсон и Џонсон“ од која Хрватска нарача 900.000 дози, но Америка не ја дава вакцината која се преоизведува во САД се додека не се вакцинира нејзиното население.