Хрватска: Може првомајска скара, но раздалечени


Директорот на хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, вчера изјави дека граѓаните ќе можат да одат на првомајска скара за Денот на трудот, но со почитување на потребното физичко растојание.

„Скарата е дозволена, но физичката оддалеченост треба да се почитува. Во рамки на семејството можна е нормална дружба, но не е дозволено собирање на голем број луѓе, бидејќи одредбата од пет лица е се уште на сила”, рече Чапак за дневникот на телецизијата РТЛ.

Според агенцијата „Хина“, од граѓаните се очекува да се придржуваат кон сите мерки пропишани од властите, бидејќи досега покажале свесност и одговорност, поради што е постигнат успех во борбата со вирусот.

„Добрата епидемиолошка состојба, големите резерви во системот на здравствена заштита… тоа ни дава можност да ги ублажиме карантинските мерки од пред повеќе од еден месец. Се одлучивме ова да го правиме етапно, а од утре почнува првата фаза“, истакна во неделата Цапак.