Хрватска ќе гради втор колосек на пругата Дуго Село – Новска. Ќе чини 900 милиони евра. ЕУ ќе плати 90 отсто од трошоците
Хрватската влада денеска донесе одлука да влезе во инвестиција на најголемиот инфрастурен проект во историјата на државата. Станува збор рекоснтрукција на постојниот колосек и изградба на втор на пругата Дуго Село – Новска во должина од 83 километри. Одобрени се 900 милиони евра.
Целиот проект со 90 отсто ќе го финансира Европската унија. Останатите пари ќе ги обезбеди хрватска од државниот буџет. ЕУ ќе ги обезбеди парите од Европскиот фонд за регионален развој и од Инструментот за поврзување на Европа.
Оваа пруга е дел од меѓународниот железнички коридор што тргнува од границата со Словенија и оди кон Србија. Хрватските медиуми пишуваат дека овој проект е три пати поскап од изградбата на Пељешкиот мост.