Хрватска: И во третиот квартал двоцифрен пад на БДП


Аналитичарите проценуваат дека хрватската економија забележа двоцифрен пад и во третиот квартал.

Хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС) ќе ја објави првата проценка на бруто домашниот производ (БДП) за третиот квартал на крајот на следната недела, а седуммина аналитичари кои учествуваа во анкетата во Хина очекуваат просечен годишен пад на БДП од 10,4 проценти.

Нивните проценки за падот се движат од 9,5 до 11 проценти.

Падот најмногу се должи на слабата лична потрошувачка, а податоците на ДЗС покажуваат дека прометот во трговијата на мало во третиот квартал паднал за 7,6 проценти во споредба со истиот период минатата година.