Хрватска и БиХ со повеќе од 300 новозаразени
Во Хрватска и во Босна и Херцеговна денеска се регистрирани повеќе од 300 нови случаи со корона вирус, додека во Словенија тој број изнесува 47.
Така, Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека во земјата биле тестирани 4.047 примероци, а 334 случаи се позитивни на Ковид-19.
Почина едно лице. Денеска, вкупниот број заразени во земјата изнесува 2.703.
Во болница се 283 пациенти, а на респиратори 15.
Во БиХ пак, регистриранис е 340 случаи, а починаа двајца.
Во Федерацијата биле тестирани 1.712 примероци, од кои 263 биле позитивни.
Во Република Српска пак, биле тестирани 573 примероци, со 77 позитивни.
Од почетокот на пандемијата во БиХ вкупно се заразени 17.702 лица, а починаа 519.
Од друга страна пак, во Словенија тестирани се 1.733, а позитивни биле 47.
Во болница се 24 пациенти, од кои тројца на интензивна нега. Активни се 505 случаи, а вкупно заразени имаше 3.079 лица. Починаа 134 пациенти.