Хрватска: Голем пожар на Чиово, гори во близина на куќите


На Чиово во Хрватска гори силен пожар, а огнот се распламтел кај заливот Дубока, околу пладне.

Како што јавуваат хрватските медиуми, пожарот го гасат 90 пожарникари со 27 возила.

Гори ниска сува трева и грмушки, а во гасењето учествуваат и хеликоптер и канадери.

Мештаните јавуваат дека чадот и пеплта стигнале до плажата, која е преполна туристи.

„Пепел лета во воздухот, канадерите се над нашите куќи и нималку не ни е сеедно“, вели една читателка за Индекс.хр.

Засега куќите не се загрозени, но пожарот се проширил на боровата шума и на маслинките.

Од окружните пожарникарски станици велат дека гори и на друго место, а ни еден од пожарите не е под контрола.