Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во шенген зоната


Хрватска– Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија својата професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков.

Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските бегалци, како и состојбата со мигрантите во источниот дел на Медитеран.

Состанокот беше посветен и на новиот Пакт за миграција и азил и стратегијата за посилна и поотпорна шенген зона. Министрите потврдија дека трендот на зголемен миграциски притисок на надворешната граница се зголемува со пролетните месеци и дека ниту Хрватска, ниту Бугарија не се крајната дестинација за илегалните мигранти.

Божиновиќ и Рашков се согласија дека интензитетот на притисокот е поврзан со политичките и безбедносните околности, како и со начинот на кој се управува со миграцијата во соседните земји.