Хрватска епидемиолози: Треба да вадиме повеќе дози вакцини од едно шишенце
Хрватското епидемиолошко друштво денеска објави соопштение со предлог за зголемување на капацитетот за вакцинирање во хрватска.
Предлагаат од едно шишенце вакцина да се извадат повеќе дози, а да се зголеми и интервалот од првата до втората доза.
„Наш предлог е официјално да се одобри администрирање седма доза од шишенцето на „Фајзер/Бионтек“, односно единаесетта доза од шишенцата на вакцините „Модерна“ и „АстраЗенека“. Со оглед на тоа дека договорениот број дози, односно повеќедозни шишенца, сите три наведени вакцини кои ги договори Хрватска, со озвлекување дополнителна доза може да вакцинираме околу 300.000 жители повече од планираниот број. Тоа, за споредба, значи дека би се вакцинирало целокупното население на Загрепската жупанија“, стои во соопштението.
„Дополнително, со промената и продолжувањето на интервалот меѓу двете дози на „Фајзер“ вакцината од моменталните 21 ден, на најдолго 42 дена, ќе добиеме дополнителни дози вакцина за вакцинирање на поголем број жители со прва доза, што во контекст на потребата за постигнување колективен имунитет исто така е значајно. Имено, јавно се публикувани податоци во кои се влеи дека висока е ефикасноста по примената на првата доза, и не така значително се зголемува погдигањето на имуноста по втората доза во сегашниот интервал од 21 ден“, стои во документот потпишан од д-р Мирослав Венус, претседател на ХЕД.