Хрватска е втора во светот по смртност од Ковид-19


Хрватска во моментот е втора во светот оп просечен број дневни смртни случаи од коропна вирус во целиот свет, веднаш зад Унгарија, според податоците на страницата Our World in Data.

Унгарија во четвртокот имаше просечно 18.19 смртни случаи дневно на милион жители, во последната недела, а Хрватска 16,59.

Зад нив се Грузија (16,33), Тринидад и Тобаго (16.08) и Бугарија (15.85).

Хрватска е на врото место и ако се гледа според сличната варијабла, број на смртни случаи во последната недела на милион жители. Унгарија, имено има 127,35 починати на милион жители последната недела, а Хрватска има 116,13. Зад нив, повторно е Грузија со 112,57.

Хрватска вчера забалежа 76 смртни случаи од корона вирус, но не стигна на второ место преку ноќ.
Во последните две недели Хрватска беше на трето место по број на смртни случаи, 227.85 на еден милион, а пред неа пак Унгарија со 237,28, и на прво место бугарија со 242.9.

Во вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата Хрватска е на 12 место, со 2705,5 смртни случаи на еден милион жители.

Првите три места ги држат Перу со неверојатни 6.030,5 смртни случаи на милион жители, потоа Бугарија со 4.155 и Босна и Херцеговина со 3.878.7 smrti.