Хрватска доби „мис универзум“ , и честиташе Ивана Трамп


Миа Ркман од Корчула е избра за „мис универзум“ на Хрватска во конкуренција на 18 убавици.Кандидатките се претставиле во вечерни тоалети и во костими за капење.

За прва придружничка е избрана Теа Славица, а за втора-Маја Чатлак.

На победничките им честитала специјалната гостинка, Ивана Трамп (првата сопруга на Доналд Трамп) која е пријателка на сопственикот на лиценцата за изборот во Хрватска, Владимир Краљевиќ.

Мис Универзум е меѓу најпрестижната четворка на избори на убавина во која се и Мис на свет, Мис интернационал и Мис земја.

Лани за Мис универзум беше прогласена Филипинката Катриона Греј .

Хрватска е единствена земја од ексјугословенскиот простор која годинава се натпреварува за најубава во универзумот. Каде е тука Македонија?

Македонија од 1996 година, со прекини, до 2013 година имаше своја претставничка на најпрестижниот избор на убавина-Мис на свет. Оттогаш, заради финасниски проблеми на организаторката, не беше испратена наша убавица. Истата организаторка ја имаше и лиценцата за Мис универзум ама ниту еднаш во Македонија не се организираше избор на убавина и за оваа титула.

Последната Мис на Македонија за Мис на свет која отпатува на светското финале беше Кристина Спасеноска од Кичево која во 2013 година не претставуваше на Мис на свет во Индонезија.

-И други земји се случувало да не испратат своја претставничка, па ниту добиле санкции, ниту им била одземена лиценцата, изјави пред пет години за македонските медиуми организаторката. (Л.С.)