Хрватска денеска со 116 новозаболени, нови мерки за влез во земјата


 

Хрватска денеска забележа рекорден број новозаболени во еден ден од почетокот на епидемијата, дури 116.

„Во изминатите 24 часа забележани се 116 нови случаи на зараза од вирусот корона, и во моментот активни случаи во Хрватска има вкупно 1.038″, јави Националниот штаб.

Починаа двајца пациенти.

Од февруари досега во Хрватска се забележеани 3.532 лица заразени со корона вирусот, од кои 117 починаа, а 2.377 оздравеа. Во самоизолација се 4.608, тестирани се 91.486 лица, од кои 1.722 во последните 24 часа.

Поради зголемениот број нови случаи Хрватска одлучи да ги ограничи собирите на не повеќе од 100 луше.

Министерот за здравство Вили Берош рече дека разгледувале бројни мерки, па најави дека ќе препорача запишување контакти, а ќе се зголемат и заштитните мерки за влез во земјата.

Имено ќе воведат 14-дневен карантин или покуса самоизолациа со задолжително тестирање.

Ќе се препорача носење маски во маркети и ресторани, а што ќе одлучат ќе објават попладнево.