Хрватска бележи пад на бројот на вработени и пораст на невработените


Во третиот квартал од оваа година, Хрватска забележа пад на бројот на вработени и пораст на бројот на невработени, според Централното биро за статистика.

Бројот на вработени во третиот квартал во Хрватска се намали за 26.000 на годишно ниво, додека бројот на невработени се зголеми за 32.000 и сега е 135.000, па стапката на невработеност во таа земја е 7,5 проценти, јави Хина.

Тоа се статистички податоци од анкетата за работната сила, што се заснова на методологијата на Меѓународната организација на трудот, како меѓународно споредливи податоци за вработувањето и невработеноста. Анкетата, наводно, била спроведена по телефон поради коронавирусот.

Според истражувањето, во третиот квартал од оваа година во Хрватска имало околу 1,7 милиони вработени, што е за 10.000 или 0,6 проценти повеќе отколку во претходниот квартал, односно во вториот квартал.

Во третиот квартал од оваа година имало околу 1,5 процент помалку вработени. Бројот на невработени се зголеми на годишно ниво за 31 процент, а на квартална основа за 17,4 проценти.