Хрватска: 250 новозаболени, 10 починати


Корона вирусот во Хрватска е потврден кај 250 лица, а 10 починале, покажуваат податоците на Националниот штаб за цивилна заштита собрани во изминатите 24 часа.

Во Хрватска во моментов има 8.005 активни случаи на инфекција со корона.

На болничко лекување се 650 граѓани, а од нив 25 се вклучени на респиратор.

Досега во Хрватска се регистрирани 1.192.555 случаи на корона вирус, а починале 16.389 лица. Тестирани се 5.066.805 лица, од кои 960 во изминатите 24 часа.

Во Хрватска имунизирани се 59,58 отсто од вкупното население или 70,85 отсто од возрасната популација.