Хрватката Валентина Кафула се нурна на 140 метри без кислород и постави светски рекорд (Видео)


 

На Хрватката Валентина Кафола ѝ беа потребни само 36 часа за да си го врати светскиот рекорд за нуркање под мраз без кислород, нуркајќи до длабочина од 140 метри во петокот.

Кафола го држеше светскиот рекорд од 125 метри од 2017 година, но тој беше соборен од Јасуко Озеки во четвртокот, кој нурна еден метар подлабоко во езерото Ширетокого на јапонскиот остров Хокаидо.

Хрватката го врати својот рекорд во Лаго ди Антерселва на италијанските Алпи, издржувајќи ги обилните снежни врнежи и температурата на водата од три степени Целзиусови. Таа се нурна за една минута и 40 секунди додека го забави пулсот на 50 отчукувања во минута.