Хрватка што ја уби 91-годишната мајка, доби казна затвор од 25 години


Дивна Секулиќ-Трошт денеска е осудена поради убиство на својата 91-годишна мајка на казна затвор од 25 години, јавуваат хрватските медиуми.

Во убиството учествувал и Дамјан Трошт, внук на убиената и син на Дивна. Тој старицата ја избодел повеќепати, а ДИвна потоа ѝ ставила перница на главата и ја угушила.

Синот на осудената е прогласен за непресметлив и доби шест месеци присилна хоспитализација, коха може да потрае. Имено, според законот, присилната хоспитализација за непесметливост при убиство може да се продолжува до 40 години.

Лекарите на секои шест месеци ќе одлучуваат за продолжување на хоспитализацијата.