Хрватите го забранија знамето од Кутлеш на Светското во ракомет


Повеќе од 1.000 македонски навивачи се очекува да пристигнат во следните неколку дена во Вараждин за да ја бодрат Македонија на Светското првенство кое започнува денеска. Првиот меч Македонија ќе го игра утре против Унгарија, а потоа следуваат дуелите против Холандија и Гвинеја.

Хрватската ракометна репрезентација го објави кодексот на однесување за навивачите кои ќе бидат на трибините во салите во Вараждин, Загреб и Пореч. За децата до седум години влезот ќе биде бесплатен. Забрането е внесување на пиротехнички материјали, а комплетната листа за однесување на навувачите може да ја видите ТУКА.

 

Што се однесува до навивачките реквизити кои ќе може да се внесуваат, максималната должина на знамињата ќе биде 2 х 1,5 метри и ниедно знаме не смее да го попречува видикот на другите гледачи. Во салата нема да биде дозволено внесување на знамиња со навредлива содржина или политичка содржина.

Македонија веќе играше контролен меч во Вараждин и тогаш беше забрането да се внесе македонско знаме од Кутлеш. Првото македонското знаме по самостојноста беше со ѕвездата од Кутлеш, потоа тоа беше сменето, но многумина Македоци го носат на спортски настани. Овојпат во Хрватска нема да може да се внесува такво знаме, а сите детали околу знамињата може да ги најдете ТУКА.