Хронично болните за продолжување на терапијата да одат кај матичен лекар, не кај специјалист


Хронично болните пациенти за продолжување на нивната терапија ќе можат наместо кај лекар специјалист да одат кај матичниот лекар.

Оваа е дополнителна мерка која нема да важи за новодијагностицираните пациенти.

Исто така, се откажуваат сите претходно закажани интервенции на хронични пациенти кои може да се одложи, а ќе има само итни неодложни хирушки интервенции, појасни министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.