Хоспитализирани уште 28 пациенти во ковид центрите во Скопје

Фото: Б. Грданоски
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 412 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
 
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало седум приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија, на Очната клиника и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на ТБЦ и двајца на Клиниката за дерматологија.
 
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни, соопшти Министерството за здравство.
 
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
 
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени 29 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.
 
-Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 136 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти, стои во соопштението на МЗ.
 
Вкупно 412 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
 
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.
 
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.