Хоспитализирани 245 болни од Ковид 19 низ земјата


Во пет болници во државата се хоспитализирани 245 пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, покажува денешниот извештај на Министерството за здравство.

Најмногу се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје – 95. Од нив на кислородна поддршка се 63, а на механичка вентилација нема ниту еден пациент.

Во Градската општа болница „8 Септември“, пак, има 40 пациенти од кои еден е на респиратор.

Пациенти со ковид во Скопје се хоспитализирани и во болницата во Козле. Таму има 8 деца и 9 мајки позитивни на вирусот, како и едно дете и две мајки кои се суспектни.

Од болниците надвор од главниот град, 50 се во Штип, а 40 во Битола.

Во денешниот извештај на Министерството нема податок колку пациенти има на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани.

Регионалниот Ковид центар во Битола интензивно се полни со  пациенти и има уште десетина  слободни места.   Поголемиот дел се во многу тешка сосотојба со постојана кислородна поддршка.