Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Брзи и витални, фокусирани сте на безбројните опции за напредување: ова е плоден период, пријатели, но ќе треба да одберете што е она што најмногу му одговара на вашиот дух. Секако, вас ве краси и голема доза храброст, како и верба во своите минати успеси. Зад вас се лојални пријатели, врз кои може да се потпрете секогаш!

БИК: Успешен период и сега уживате во плодовите на својата работа: пофалби и чест, како и поддршка од околината. Разговарате со пријателите за различни науки и писанија, познавајќи ја неуништливата природа. Најдете време да се одморите и бидете подготвени за дополнителни ангажмани во текот на следната недела: ве очекуваат нови договори.

БЛИЗНАЦИ: Со Марс во својот знак ќе треба да внимавате и да не си предизвикате тешкотии или дури и буквални повреди, по кои нема назад. Послушајте ги советите од страна и избирајте добро што е вредно за вас: помеѓу црното и белото е еден цел спектар бои. Смирете се и чујте го гласот на совеста. Нагласена интуиција.

РАК: Некои договори природно доаѓаат до својот крај, како и односот со некои поединци: можеби чувствувате дека треба посилно да ги застапувате своите идеи и ставови, но сега не е време за таква крутост – можен е колапс! Кој се плетка со последични активности, и сам ќе ги сноси последиците. Активен период, држете се добро!

ЛАВ: Непријатна ситуација и можеби сметате дека некој намерно се обидува да ве забави или повреди. Погледнете подобро во огледалото и запрашајте се дали е навистина така. Во вас лежат сите одговори и штом смирено ќе размислите за работите, природно ќе дојдете и до решение. Не дозволувајте им на детските стравови да ве парализираат.

ДЕВИЦА: Како по инерција сè уште брзате, но штом ќе увидите дека работите се одвиваат според саканата замисла, ќе го смирите својот дух и ќе ја постигнете одамна посакуваната среќа. Внатрешен мир постигнат преку соочување со вистината, а тоа ве исполнува со ретка мудрост и безгрешност. Најдете време да читате, да студирате и да се одморите. Мир.

ВАГА: Времето за неодлучност е зад вас и сега доаѓате до природна реализација дека гневот ви е непријател, кој може да ве заведе од вистинскиот пат. Надеж постои, но нема да постигнете ништо ако брзате: така ќе заборавите многу важни работи, кои може скапо да ве чинат. Подгответе се добро пред секој потфат. Внимавајте на главата.

СКОРПИЈА: Страсно врзани за некоја идеја, сакате да му се придружите на тимот и практично да ги реализирате креативните потфати. Можеби се плашите да ѝ погледнете на вистината во очи, но нема потреба за таква крутост: во вас лежи голема сила за трансформација. Прегрнете го своето внатрешно дете и сакајте го повеќе: ќе постигнете баланс.

СТРЕЛЕЦ: Ако ви е потребна помош, побарајте ја, а ако ја бараат од вас, дајте ја сесредно: нема простор за живеење во заблуди и неизвесност, избирајте добро од понудените опции. Ако заштедивте нешто на страна, можеби и ќе успеете да појдете на толку саканото патување: далечните хоризонти ве повикуваат и срцето чука со нов ритам.

ЈАРЕЦ: По шестмесечни инвестиции од различен карактер, доаѓате до солуции преку легални начини: ја враќате хармонијата во својот живот и на тој начин и надежта во подобра иднина. Нежни и меки, разбирате дека ве водат виши сили: на тој начин постигнувате успех во материјалниот свет, сигурни во себе дека сте на вистинскиот пат.

ВОДОЛИЈА: Многу различни опции и шанси за напредување на материјален план: сепак, се прашувате дали ова е вистинското место за вас? Можеби повеќе ќе успеете во далечните земји, а за тоа ви е потребно да постигнете внатрешен мир. Потоа сè е лесно и набргу ќе славите, постирајќи фотографии на социјалните мрежи: ах, колку е убав овој свет!

РИБИ: Оставате впечаток дека сте задоволни: Сонцето во Овен ве поттикнува да ја изразите својата среќа. Зад вас е личност што добро ги чита вашите емоции и ви праќа сигнали како да постапите: како би можеле без неа? Заземете се повеќе за оваа харизматична личност и понудете ги своите услуги: симпатија, сочувство и пријателство.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com