Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Силни и магнетски привлечни, го проширувате својот круг на пријателства и интимни контакти: слободни како птица, немате никаков проблем да ги изразите своите емоции. Зрачите со ентузијазам и можеби сте супер активни, со што ќе привлечете нови работни шанси за време на викендот: можеби и ќе добиете бонус!

БИК: Ова е период кој изобилува со убави и просперитетни шанси, со кои што ќе дојдете до финансиски награди, слава и добро здравје: покажувате дека навистина можете да се носите со дадените задачи, преку добро планирање и константен напор. Ова ве исполнува со среќа, задоволство и љубов: период за нежности.

БЛИЗНАЦИ: Ве привлекува некоја страсна, решителна и емоционална личност, која што најверојатно сте ја запознале преку работата: ќе ја прегрнете шансата да започнете нов проект или да тргнете некаде на пат и да видите каде тој ќе ве однесе понатаму. Можеби сте малку немирни, но тоа не е страшно. Пијте повеќе течности.

РАК: Сега е време за празнување на некој традиционален празник, кога ќе си подадете рака со блиските и ќе си простите: потребна ви е храброст, посветеност и апсолутна доверба во сопствените капацитети. Секој човек минува низ исти фази во животот, низ кои што не престанува да расте. Длабоки ресурси.

ЛАВ: Вие сте владетел на својот трон и среќата ќе ја пронајдете во својот сопствен дворец: внимавајте само да не се заклучите дома не можејќи да ја отворите вратата повторно. Доколку се случи тоа, најдете повод да се развеселите и да си се насмеете самите на себе: хуморот е одличен лек, кој дава смиреност и задоволство.

ДЕВИЦА: Имате доволно средства да си овозможите многу задоволства, но најубавите се обично бесплатни: сакате да им угодите на љубените и да се грижите нежно за нив, но имајте во предвид дека за почеток треба да научите како навистина да се сакате себеси. Љубовта е несебична, знае да простува и почитува: сакајте се и ќе ве сакаат!

ВАГА: Најверојатно сте веќе преморени и сметате дека нема да можете да се придвижите ниту милиметар, без да си овозможите соодветен одмор. Не сте далеку од вистината и ова е одличен период да се осамите, запрашувајќи се што навистина сакате. Издржете уште малку и истражете ги сопствените длабочини.

СКОРПИЈА: Ќе заклучите дека ова не е најповолен период за работа: нешто ви се испречува на патот и повеќе не си верувате себе си. Ако го издржите својот суд и самокритика, ќе успеете да се коригирате и ќе научите една лекција повеќе. Ако не, почекајте да дојдат подобри времиња и разработете ги своите прехрабри планови.

СТРЕЛЕЦ: За малку ќе избегнете опасна ситуација: шармантни и со големо влијание, читајте ги добро најситните букви на пишаните документи и договори, како да се старовремски талисман кој што има огромна волшебна моќ. Така ќе знаете кој курс е најдобар за вас и нема да се двоумите. Премолчете збор или два и одморете се.

ЈАРЕЦ: За вас нема одмор, но сега треба токму тоа да го направите: преземете одговорност за својот живот, подобрете ја генералната ситуација и здравје. Можеби тоа не е лесна задача, но не значи и дека е невозможна: поврзете се со своите подлабоки чувства, а ако ви треба помош во работата, активирајте го тимот.

ВОДОЛИЈА: Тамам кога ќе си помислите дека сте дале сè од себе, ќе откриете дека имате сила за уште многу нови искуства: талентирани, богати и познати, можеби ќе се изненадите од своите нови вештини. Ве прати добра среќа и добро е да се запрашате дали сте опседнати со постигнување на многу цели: бројте си ги благословите.

РИБИ: Возите со висока брзина како по инерција: водени од пламена страст, добро ќе биде да направите нова стратегија. Измерете ги своите сили и ако сте задоволни од она што сте го сработиле минатата недела, најдете време да се одморите. Можеби доживувате искачувања и падови, но сето тоа е со привремен карактер.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com