Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Наместо да се фокусирате на штетата, сега е потребно да останете фиксирани на целта: тагата и болката ќе останат во минатото, единствено ако соберете сила да се изборите со овие емоции. Сѐ си има свое време и место, па така и несреќата нѐ учи како да постигнеме среќа: соочете се со грешките и станете посилни. Опоравување.

БИК: Конечно доаѓате до опипливи резултати во материјалниот свет и независност: имате солидна база во реалноста и што и да се случува наоколу, вие стоите цврсто на вашите нозе. Набрзо ќе постигнете и финансиска награда, по што ќе се фокусирате на својот имот и неговата заштита. Вашите блиски и сакани се тука да ве поддржат.

БЛИЗНАЦИ: Очекувајте дека нешто извонредно ќе се случи овој период: истражувајте и обидете се да научите дали доволно добро разбирате што се случува. Некоја волшебна мелодија се провлекува како мантра и се буди вашиот нежен, невин и сладок дух. Најдете време за себе и своите сакани и откријте како повторно да се смеете и шалите.

РАК: Убав период, во кој што доаѓате до емоционално исполнување: љубов, добра виталност и фантазија, со што животот се одвива многу полесно. Започнувате нова фаза во областа на домот и најверојатно ќе чистите, средувате и организирате, усогласувајќи се со природните циклуси. Успехот ви доаѓа природно и лесно.

ЛАВ: Радост, работа и повторно радост: можеби сето ова нема да дојде веднаш, но штом се прилагодите на надворешните услови, ситуациите ќе се одвиваат полесно. Вашите надежи се фокусирани на повеќе проекти, па ако едниот не се остварува, ќе продолжите со другиот: тажните денови заминуваат и доаѓаат среќни и поубави!

ДЕВИЦА: Минувате од една фаза во друга, користејќи го изобилието околу себе и досегашните искуства: ова е период за трансформација и реформа. Сѐ започнува со вас и сите резултати се поврзани со вас: кругот е цел и има кој да ви се восхитува. Потребна е храброст да се соочите дури и со големата среќа. Постигнувате баланс.

ВАГА: Ако сакате да си играте играчки, може да се повредите самите себе: разбудете се на време и престанете да се самосожалувате. Ќе откриете дека ве очекува одличен викенд, кој што ќе ви го одземе здивот: сѐ што планирате со љубените може да се оствари со еден скок. Останете доследни на своите зборови и не двоумете се повеќе.

СКОРПИЈА: Можеби условите повикуваат на брза акција или реакција, но нема потреба да делувате, сѐ додека не ги соберете сите факти, особено во бизнис секторот и во однос на луѓето со кои што соработувате. Анализирајте ги сите претходни искуства и најдете време за љубов и дружење. Ако не, добро ќе ви дојде медитацијата и тишината.

СТРЕЛЕЦ: Не верувајте им на оние кои што и самите не си веруваат на себе си: насмејте се, та дури и да наидете на солени шеги и невкусни коментари. Вие сте премногу мудри за такиот тип на однесување и имате широка душа која што е волна секогаш да помогне, особено на пријателите. Културни и фини, подгответе се за нешто специјално.

ЈАРЕЦ: Се појавува неочекувана шанса за патување, при која што ќе се сретнете со многу блиски луѓе: време е за раскош, луксуз и по некоја песна. Со убави манири и однесување ќе постигнете многу и ќе откриете дека тајната на животот се состои во тоа да го сакате она што го работите. Започнувате работа или проект во пар.

ВОДОЛИЈА: Притисокот попушта и сега може да се релаксирате, да појдете на пат околу светот или барем на некое древно место со богата култура. Средбата со луѓе кои што имаат да ви понудат нешто ви значи многу и конечно ќе се насмеете: помогнете си самите и останатите ќе ви се придружат. Не претерувајте со храната и пијалокот.

РИБИ: Она што го посакувате и не е така далеку, но потребна ви е сила и храброст да го направите првиот чекор: времето за размислување завршува и сега треба да се активирате. Малите проекти бараат мал напор, а поголемите поголем труд, но камче по камче и ќе успеете да трасирате еден цел пат: направете списоци и нови инвестиции.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]