Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Пред вас се значајни промени, кои што ќе траат следните две години: можеби нема да биде лесно и уште од сега чувствувате дека ќе треба да се работи напорно и истрајно, дури и кога ќе ви биде здодевно. Овој викенд сте по малку тажни и се соочувате со ситни здравствени проблеми. Обрнете поголемо внимание на финансиите.

БИК: Имате надеж дека ќе постигнете смиреност во интимните врски, но за тоа ќе треба јасно да комуницирате и правилно да им се обратите на заедничките проблеми: вниманието е поделено на два еднакво важни сектори, за кои што не смеете повеќе да пролонгирате. Најдете време за нежни моменти со саканите и за разбирање.

БЛИЗНАЦИ: Ова е период кога вашите емоции повторно цутат и сега уживате во убавина и внимание: размислувате за она што до сега сте успеале да го постигнете и дали тоа одговара на стандардите што сте си ги поставиле. Бирајте го идеалниот тајминг за адаптација и ќе ја разберете својата сопствена длабочина. Време е за љубов и хармонија.

РАК: Прекрасен период за авантура, но се чини дека нешто ве спречува во постигнувањето на целосна среќа: дали станува збор за некаков вид на сенки, кои што се провлекуваат од минатото? За што и да се работи, треба да знаете дека имате доволно сила за да продлжите напред: убави изненадувања со кои што ја враќате самодовербата.

ЛАВ: Фокусот се префрла на финансискиот сектор, љубовта и имотот: не држете се љубоморно за она кое што не можете да го задржите со сила. Ако сакате да постигнете реформа, започнете од самите себе и престанете да ги контролирате работите оддалеку. Облеката не може да го сокрие карактерот, а слободата има своја цена. Верувајте повеќе!

ДЕВИЦА: Убава планетарна поддршка која што ќе ви овозможи да дојдете во прв план на личен, но и во професионален контекст: додека останатите се занимаваат со измами и интриги, останете силни и не вовлекувајте се во туѓите игри. Тоа е вистински начин да успеете и да го контролирате својот темперамент: останете храбри во секоја ситуација.

ВАГА: Крајно време е да разберете дека треба да се менувате со текот на времето, ако сакате да постигнете среќа: не можете да си доволите да се соочувате година за година да се занимавате со истата работа, мали хонорари или врски под вашите стандарди. Ако сакате крупни промени, дрзнете се да сонувате на големо: правете трајни решенија!

СКОРПИЈА: При започнувањето на секој нов потфат, се соочувате со непознати и несигурни услови, во обид да да го откриете непознатото. Ова е период за чекање и можни се застои и блокади: не губете нерви, туку одново разгледајте ги плановите. Сите потешкотии се јавуваат како причина да научите нешто повеќе за себе си, затоа не очајувајте.

СТРЕЛЕЦ: Бидете упорни, дури и ако се соочите со јавна критика или не толку јавно неодобрување: некој се обидува да ви се наметне и се однесува како натрапник. Не дозволувајте ваквите случки да го нарушат вашиот мир и да го разнишаат периодот во кој што најмногу би сакале да истражувате и проучувате. Не губете верба: продолжете со намерите.

ЈАРЕЦ: Проблемите се решаваат бавно и повторно сте љубезни: бидете среќни и задоволни со она што веќе го имате. Ова е период за планирање и организација, а ќе може да делувате во текот на следната недела. Иако можеби џебот ви е мал, во принцип се чувствувате добро. Ако имате легални проблеми, тие брзо ќе се решат. Пазете на очите.

ВОДОЛИЈА: Иако се соочувате со комплексна ситуација, на сцена настапува чувството за хумор и смеа: ова делува волшебно во сите истоштувачки моменти и ќе успеете да се опуштите. Не заборавајте да ги повикате оние со кои до скоро се дружевте и покажете им колку ги сакате: со искрена симпатија ќе освоите многу срца и ќе ја покажете својата умешност.

РИБИ: Овој викенд ќе треба да внимавате на лажните насмевки и луѓето со итар карактер: можни се измами, интриги и секаков вид на нечесни игри. Ќе треба да бидете остроумни и добро да бирате како да се извлечете од околностите кога се оговара или се пренесуваат погрешни информации со нејасни намери. Повлечете се и одморете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com