Хороскоп: Што велат ѕвездите за продолжениот викенд


ОВЕН: Судбински случки пријатели, кои ќе ве натераат да излезете од рутината: напуштете ја својата комфор зона ако сакате да постигнете материјална благосостојба. Ако работите праведно, нема да биде потребно да се правдате и да носите оружје, а ако сакате да се издигнете над толпата, ќе треба да изнајдете нови начини да се претставите во светот.

БИК: Правите искрени напори да воспоставите нови професионални врски, проучувајќи ги советите на некоја мудра наука: секојдневно се соочувате со мала смрт, отпуштајќи го она што е непотребно, од лажната суета, до некоректните односи. Сега имате силна воља да ја отсечете сувата гранка од своето дрво и да ја продлабочите љубовта.

БЛИЗНАЦИ: Ова е период кога ќе откриете дека нешто не функционира во животот, особено ако до сега сте мислеле дека работите се одвиваат според првичната замисла. Можни се потешкотии со околината во односите кои што ви се наметнати, а тоа го спречува развојот на саканите проекти. Не се колебајте, туку бидете решителни при отстранувањето на блокадите.

РАК: Отворете се кон прашањата од подлабок карактер: не сѐ во животот може да се објасни логично и слабоста на многу луѓе е што немаат познавање за конечните прашања и духовниот свет. Ова е време за медитација, при која што ќе ги чуете одговорите на своето битие: соочете се со сопствените стравови и вратете ја својата лична моќ и самодоверба. Планирајте.

ЛАВ: Горите од страст да се вратите на сцената наречена живот и ќе направите големи трикови за да ја разгорите својата страст повторно: ја покажувате својата наклонетост кон одредени кругови на луѓе и уживате разиграно. Животот не е филм и некои сцени не се враќаат, туку се живеат само еднаш и во еден момент: покажете колку вредите, знаејќи за скромност.

ДЕВИЦА: Време е да ја трансформирате својата сила: ако сакате да продолжите напред, ќе треба да бидете постојани. Потешкотиите ќе излезат дека се со позитивен исход и така ќе воведете нов начин на работа, иако сега можеби ви е тешко да верувате во тоа. Радикална промена во размислувањето, со која што ја враќате хармонијата во својот живот. Успешни увиди.

ВАГА: Со годините се стекнува мудрост и праведност, а тоа е најголемата доблест која што човек може да ја има: не се туркајте да ја покажете својата вредност, бидејќи би можеле да си наштетите. Не би сакале да се соочите со груби зборови и обвинувања, како и љубоморни испади: туѓите дела ќе покажат на која страна лежи вистината. Бидете толерантни.

СКОРПИЈА: Ова е период кога ве прати добра среќа и здравје: луѓето се створени да си служат еден на друг и само така доаѓаат до божествена вистина. Бидете подготвени за специјални случки и жртвувајте нешто во име на помалку среќните од вас: со љубезност ќе дојдете до голема љубов. Вредите многу повеќе отколку што си мислите. Утеха.

СТРЕЛЕЦ: Во еден таен и сокриен дел од себе, криете светлина засолнета од очите на јавноста: можеби се плашите дека таа ќе исчезне и се однесувате ирационално. Можеби имате потешкотии во комуникацијата и тоа се рефлектира како проблем со здравјето: кавгите немаат никаква вредност, затоа попуштете, но не со нервите. Насмејте се, за да не заплачете.

ЈАРЕЦ: Бидете самокритични и запрашајте се зошто сте резервирани во интимните односи: што е она што ве оттргнува од останатите и прави да се чувствувате непобедливи? Љубовта е слепа, а самољубието тешко и бара интроспекција: избегнувајте снобовско однесување и застанете цврсто на земјата. Не ѝ дозволувајте на имагинацијата да ве заведе.

ВОДОЛИЈА: Период кога треба да ја покажете својата широкограда страна: помогнете му на некој свој болен пријател и отстранете ја грижата на совест. Така ќе постигнете хармонија во блиските односи и ќе ја надминете недовербата: дали навистина разбирате што се случува? Балансирајте ги своите потреби со тие на заедницата и бидете одговорни за својата работа.

РИБИ: Ова е период кога почнувате да губите верба во себе и сопствените сили: бидете самокритични и ќе ги коригирате своите слаби точки. Ако пак ги воочувате туѓите маани, ќе останете врзани за сопствената лутина: сфатете го ова како тест на судбината и поштедете се себе си. Не очајувајте, но најдете начин да се еманципирате. Време е за одмор.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]