Хороскоп: Што велат ѕвездите за празникот


ОВЕН:
Одличен период во кој што уживате во блиските и семејните врски: ја цените поддршката и љубовта што си ја давате заемно и се радувате поради прогресот што го прават саканите. Можни се нови креативни ангажмани, со што ќе ги комплетирате претходно започнатите проекти: набрзо ќе постигнете автономија.

БИК:
Интуицијата е силен показател дека сте на вистинскиот пат: препуштени на некој длабок ритам и мир, добро ги разбирате пораките кои што стигнуваат до вас. Во соништата наоѓате многу одговори кои што ве изненадуваат: возбудени, среќни и мудри, сфаќате дека речиси целиот свет минува низ некаква фаза на сон.

БЛИЗНАЦИ:
Можеби се прашувате што е најпаметно да правите сега: што и да одлучите, ве очекува убав период, со многу шанси за прослава, особено ако успеете да се ослободите од нездравите врски, обврски и пријателства. Чесната игра ветува позитивни резултати, затоа е добро да им останете верни на своите принципи. Љубов.

РАК:
Во последен момент ги правите потребните промени: ако треба да појдете на доктор, направете го тоа веднаш и со тоа сите ќе имаат придобивка. Вие ќе спиете помирно, личните ситуации ќе се смират и ќе се сложите дека ви е потребно прочистување: пост, одмор или донација. Времето за тајни завршува.

ЛАВ:
Зарем некој може да биде поблескав од вас: дури и да седите во сенка и да не работите ништо, задоволството поради остварените проекти ќе вибрира наоколу и ќе ви привлече интересна група на луѓе. Конечно, и финансиски благослови кои ги чекате одамна: искрени и благодарни, прославувате со семејството.

ДЕВИЦА:
Најголема потреба за одмор имаат токму оние кои што се занимаваат со негување: бидете нежни со себе и дајте си ја сета љубов на светот. Ако ви е потребен сон, најдете време и одморете се: слушајте го гласот на интуицијата и наштимајте се според своите потреби и на оние со кои што се разбирате. Нов интимен јазик.

ВАГА:
Се отвора нов пат за исполнување на вашите желби во однос на интимната сфера, кариерата и далечните патувања: космополитски друштва и убави ресторани, во кои што разговарате за тековните трендови. Сочувство, љубов и разбирање со истомислениците и силна забавна енергија: креативни потфати.

СКОРПИЈА:
Сакате да постигнете стабилност на провокативен начин, па затоа резултатите се под очекувањата: она што го барате однадвор, веќе го имате во себе. Треба да ја смените перспективата и да увидите дека цело време сте водени од виши сили: што уште би сакале? Можеби сè што треба е само да се одморите. Релаксирајте се.

СТРЕЛЕЦ:
Ако сакате промени, ќе треба да заборавите на старите шеми за кои што се држите со двете раце: кој што ризикува, тој и добива, иако моралната цена може да е премногу висока. Точно е дека егото и страстите господарат со светот, затоа избегнувајте аргументи и дебати: отстранете се мудро од сите предизвици.

ЈАРЕЦ:
Промени во дневната рутина, за која што треба да направите нов распоред: можеби ќе треба да појдете некаде на патување, каде ќе ја продлабочите својата перцепција. Оваа промена може да ги зацели вашите рани и да донесе нови откритија. Бидете умерени во сè што правите, особено во препишаните диети.

ВОДОЛИЈА:
Ќе треба да се адаптирате на надворешните услови: бидете трпеливи, особено со оние со кои што живеете и соработувате. Можеби сметате дека се наоѓате во тесно и тоа не ѝ годи на суетата, но ако комуницирате умерено, ќе откриете дека може да поврзете два сосема различни светови. Можни дигестивни тешкотии.

РИБИ:
Се чини дека не можете да ги препознаете шансите за напредување и затоа губите оптимизам: како да лебдите помеѓу тивок бунт и брблива покорност. Ако денес ве фалат, утре веќе ќе ве кудат, но таква е природата на материјалната реалност: променлива и привремена. Покажете ја својата аналитична моќ.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]