Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:Ако им се препуштате на дилемите, ќе изгубите многу во однос на интимните врски: запрашајте се во текот на денот какви грешки правите и како да се коригирате. Прекорете се прво самите себеси и континуирано гледајте како да се усовршите за да не ги упропастите убавите шанси што ви се нудат: љубов и финансиски договори.

БИК: Се чини дека сте посреќни бидејќи очекувате нешто убаво да се случи: интуитивно знаете дека тешкотиите ќе останат зад вас и дека ве очекува волшебна иднина. Некои работи се повторуваат само за да ги усовршите и да ги направите подобри, а на тој начин го билдате и сопствениот карактер: ориентирајте се подобро!

БЛИЗНАЦИ: Ако досега животот ви удри неколку шлаканици, денес ќе откриете како да го прекинете овој злобен круг на компетитивност и да се насмеете повеќе: опуштете се малку и насмејте се повеќе. Вашата дарба да ги предвидите работите ви кажува да се соочите со своите стравови и да не реагирате пред да ги имате сите информации.

РАК: Секој почеток има и свој крај и сега сте задоволни поради остварените амбиции: доаѓате до богатство, лична моќ и среќа и вашата харизма расте. Тука е и семејството кое ве исполнува со необична сила и сега постигнувате промоција на општествен план. Работите се менуваат кон подобро и доаѓате до финансиска стабилност.

ЛАВ: Добивате зелено светло за вашите нови проекти и можеби ќе појдете на краткотрајно патување на локалните места, за да соберете екипа за комерцијални активности. Какви волшебни моменти! Имате моќ да се соочите со сите предизвици и да ја покажете својата храбра и блескава природа. Ги сакате мистериите на животот.

ДЕВИЦА: Во следната година и пол влегувате во една фаза кога ќе постигнете финансиски просперитет, затоа денес запрашајте се на кој начин може да си помогнете себеси и на другите да дојдат до подобра позиција. Наскоро ќе водите со сопствениот пример и преголемата анализа ќе стане минато: надежта е тврдоглава и само таа знае да чека.

ВАГА: Ако им дозволите на своите мисли да ве растргнуваат на различни страни, ќе останете со празни раце: ова е прекрасен период за креативни потфати, но треба да имате храброст и да го направите првиот чекор во саканата насока. Како ретко кој имате повеќе опции пред вас, но не дозволувајте да ве водат мрачни мисли: не губете фокус!

СКОРПИЈА: Ако сакате да дојдете до промени, ќе треба да се менувате прво самите себеси: некои работи од минатото се повторуваат и сфаќате дека треба да деjствувате модерно и современо. Тоа не значи дека некој ви се заканува, напротив, само ви е укажано дека вашето водство не е прифатливо: не плашете се од промените и забрзајте ги.

СТРЕЛЕЦ: Ако се погледнете подобро во огледалото, ќе откриете дека сѐ уште имате слобода и голем креативен потенцијал: можеби до скоро се чувствувавте небалансирано и ја загубивте смислата за хумор, но на што се должи тоа? Бизарните работи се случуваа за да нѐ научат дека постојат повеќе алтернативи, а животот е сам по себе мистерија.

ЈАРЕЦ: Конечно ја постигнувате саканата регенерација: стигнувате до портата низ која мора да поминете, за потоа да се вратите повторно низ неа. Силните планетарни влијанија ви даваат надеж, водство, нови цели и чест, со што успевате да ја реставрирате својата виталност. Среќни сте поради цикличната природа на животот.

ВОДОЛИЈА: Подготвени сте да бидете евалуирани од страна на повеќе поединци: личности од странство, пријатели и непријатели. Не е важно во какви односи сте инволвирани, туку само кармичките последици што тие ги носат: докази, критики, тестови и испити. Секое качување на општествените скалила е тешко и сѐ си има своја одговорност.

РИБИ: Работната недела започнува со голема желба за напредување: едвај чекате да дојдете до позиција да ги презентирате своите нови идеи. Одличен ден за изразување на емоциите, како и развивање на својата уметничка страна: никогаш не знаете од каде може да се појават нови финансиски понуди! Ден за љубов, патување и пријателства.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]