Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Потребни ви се практични солуции со кои можете да си го олесните животот: тоа не е трка во еден правец, туку континуиран напор да се усогласите со заедницата, потребите на саканите и семејството. Одличен ден за креирање на нова финансиска рамка, со која ќе се ослободите од рестрикциите: бидете скромни и ќе постигнете духовен мир.

БИК:
Можен е нов развој на повеќе полиња, особено ако ги послушате советите кои што ви ги даваат авторитетите: ако ја сакате работата која што ја работите, веќе сте дошле до некаков прогрес. Тоа ви дава сигурност, се чувствувате задоволно и имате добра виталност. Започнете со лесни задачи и спремајте се постепено за потешките. Бидете благодарни за успесите.

БЛИЗНАЦИ:
Одмерете ја добро својата сила и одземете онаму каде што има повеќе, давајќи таму каде што има помалку. На овој начин ќе заштедите енергија и ќе се соочите со многу прекрасни информации, особено во полета на забавата и љубовта. Понекогаш треба да сокриете некоја информација и да откриете какви се надворешните услови: не брзајте сега.

РАК:
Ова е период кога ќе патувате често во блиската околина или локалитети: средби со личности со кои што не сте се виделе одамна и помирување со аспектите со кои што до скоро сте биле во конфликт. Избирајте ги своите битки и целите во кои што ќе ја инвестирате својата сила: некои моменти од животот не се враќаат, но сеќавањата се слатки и траат долго.

ЛАВ:
Од вас се бара да се фиксирате на физичката реалност и да направите основни подготовки за сезоната која што следи: користете ги советите на поискусните и ќе заштедите време и енергија. Луѓето се створени за да си помагаат, а со што заемно се ослободуваат од нездравите шеми на однесување: помош од повозрасните роднини и сесрдна поддршка.

ДЕВИЦА:
Конечно ви е јасно кога треба да напредувате, а кога да се повлекувате: со чиста совест ѝ гледате на вистината во очи и пишувате нови правила, кои што ќе бидат јасни за сите. Пријателска поддршка и денес ја откривате мотивацијата на другите. Работете на својот креативен потенцијал и грижете се за своето време и здравје: тоа ќе ви се врати стократно! Успех.

ВАГА:
Со желба да го надвладеете општиот егоцентризам, денес се обидувате да дојдете до рационални решенија: не брзајте, бидејќи би можеле да се сопнете од сопствените чекори, но немојте ниту да сте премногу бавни, бидејќи возот може да побегне. Направете искрен напор за да постигнете крупни промени, кои што ќе имаат долготраен карактер. Нови проекти.

СКОРПИЈА:
Велат дека е најтемно пред да зазори: не можете да ги превртите работите на глава и да очекувате нов развој на настаните. Сè се случува во сопствено време, без оглед дали го разбирате ова или не. Некои промени се болни, но сепак постои светло на крајот од тунелот, за што ќе треба да го напуштите лошото друштво и да ја надминете депресијата: така се расте.

СТРЕЛЕЦ:
Запрашајте се добро каде ги трошите вашите финансии: дали купувате премногу, само за да го сокриете отсуството на увереност, страст и посветеност? Консултирајте се со некој експерт поврзан со финансиските, легалните или духовните прашања, кој што ќе ви даде соодветни одговори. Драматична промена со која што постигнувате мудрост.

ЈАРЕЦ:
Ова е прекрасен ден за дружење, љубов и забава: најдобро е во сè да ја најдете вистинската мера и да го следите гласот на својата интуиција. Полека еволуирате, постигнувате смиреност и разбирање за пораките кои што не се од овој свет: со високи морални стандарди, откривате како се случуваат мистериите во светот. Останете балансирани.

ВОДОЛИЈА:
Старите маски паѓаат и сè се гледа во едно ново светло: желбата да постигнете материјален просперитет, блескава иднина и нов живот по кој што нема назад. Но дали работите се одвиваа по првичниот план? Дел од вредните информации остануваат во минатото, а сосема нови се појавуваат: ја покажувате својата лојалност и откривате нови стандарди. Промени.

РИБИ:
Имате потреба да створите нешто лично за себе и да ги консолидирате своите проекти: создавање нови професионални врски и правила во интимниот живот. Ова е ден со нагласена комуникација, со која ќе дојдете до многу практични резултати и ќе остварите благосостојба. Грижете се за својот изглед, имиџ, но и тешкотиите поврзани со главата.

Ирена Танчева