Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН:
Ако сакате да избегнете фатални грешки, ќе треба добро да слушате што ви се говори и да не одговарате импулсивно: не повторувајте го она што го кажал некој претходно, туку изразете ја својата гледна точка. Тоа што ви се врти во умот, го контролира целото ваше однесување: сега е време да комуницирате подобро, со себе и со другите.

БИК:
Прекрасен ден во кој ќе си ја вратите самодовербата: шармантни и љубезни, ги изразувате своите емоции со леснотија. Прецизни во однос на повеќе сериозни прашања ќе влијаете на поширок круг луѓе покажувајќи ја својата компетентност: напуштете ги оние што и самите се напуштиле и ќе бидете среќни. Смирено размислување.

БЛИЗНАЦИ:
Ако не можете ништо важно да направите денес, најдете сила и едноставно насмевнете се: единствено така ќе дојдете до награди. Луѓето ги сакаат оние кои што имаат љубезна природа и им ја даваат својата доверба: покажете ја својата лојалност кон семејството и надминете ги борбите за доминација. Доаѓате до важни и суптилни информации.

РАК:
Добро е да се дружите со оние кои што ќе ги истакнат вашите најдобри квалитети: внимателни и сочувствителни, ќе знаете кога е вистинско време да направите промена. Бидете подготвени и сконцентрирани за да одберете правилно: децата често ја зборуваат вистината, дури и кога се однесуваат ексцентрично. Сакајте ги со целото свое срце!

ЛАВ:
За да дојдете до правилната слика на мозаикот, ќе треба да ги најдете вистинските облици на шарените камчиња: зборувајте позитивно за идните планови и проширете ги своите хоризонти. Поттикнатите треба да ги откријат своите подлабоки мотиви, разбудете ја својата природна љубопитност: станете си сопствен министер за внатрешни работи.

ДЕВИЦА:
Сериозно размислувате за она што може да се исполни во непосредната иднина: оддалечете се од другите и размислете за одлуките донесени без вашето знаење. Зошто не сакате да ја раскинете оваа соработка? Не грижете се премногу, бидејќи во текот на денот ќе ги измазните сите криви линии и ќе го најдете она што го барате. Победа.

ВАГА:
Од ист извор доаѓаат и убавите зборови, но и проклетството: тежнејте кон мирни решенија и ќе најдете разбирање со саканите. Двете страни тежнеат кон баланс, кој што ќе биде постигнат со фокус и јасно формулиран план: најдете ги одговорните луѓе и направете солиден договор. Отстранувајќи ги претходните грешки, ќе успеете да напредувате кон целта.

СКОРПИЈА:
Ова е момент за трансформација, кога конечно разбирате дека секоја единка има свој талент, духовна вредност и глас: охрабрете го растењето на луѓето околу вас и излезете од темнината на својот свет. Немојте да сте занесени од квантитетот, туку од понудениот квалитет и така ќе направите огромен скок во постоечката реалност. Не плашете се сега.

СТРЕЛЕЦ:
Доаѓате до раскрсница: отстранување на долготрајно уверување и изнаоѓање на нови алтернативи. Ако често пати сте фалеле некој, ќе дојде ден кога ќе се соочите со таквиот пријател и ќе откриете од какви мотиви е воден: задржете го чувството за хумор и верба, особено со оние што се сметаат за супериорни. Една врата се затвора и се отвора нова.

ЈАРЕЦ:
Помирете се со самите себе, бидејќи ќе спиете лошо поради непопуларните одлуки: ако не работите тимски и најмалиот облак ќе го затемни вашето Сонце. Секој човек има различни потреби и интереси, при кои што зборот не значи ништо, туку само дадениот пример: вратете го балансот во работната средина и контролирајте ги емоциите. Не калкулирајте.

ВОДОЛИЈА:
Можеби ви е дадена важна позиција, за која што треба да избирате деликатни зборови: одбегнувајте грубост, злоба и сарказам, особено со тимот и семејството. Светот е доволно богат да им удоволи на сите човечки потреби, но не и на лакомоста: дали сте фокусирани единствено на својата добивка? Жртвувајте се во име на некоја повисока цел.

РИБИ:
Поради некоја причина, плановите не одат според замисленото: се соочувате со промени и блокади, поради кои се чувствувате фрустрирано. Сега е време да се запознаете подобро и да откриете што е она што ве тера да правите погрешни чекори: интимните мисли се рефлектираат надвор, пријатели. Со каков конфликт се борите? Бидете разумни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]