Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска


ОВЕН: Со силна волја и самодисциплина можат да се случат волшебни работи: некаде ќе бидете повикани да ја дадете својата асистенција, а потоа и вам ќе ви се помогне завозврат. Средба со влијателни личности, кои што ќе го оценуваат вашиот досегашен успех и ќе ви сугерираат како да постигнете финансиски баланс.

БИК: Бидете интелигентни и бирајте добро со кој ќе соработувате: денес се можни награди, подароци, но и обилен ангажман, кој што ќе треба да го селектирате. Очекувајте деновиве нешто прекрасно да ви се случи во животот и верувајте ѝ на интуицијата: следете ги ситните пораки и знаци пкрај патот и нема да згрешите.

БЛИЗНАЦИ: Најдобро ќе биде повеќе да слушате, а помалку да учествувате во дебатите кои што се водат: некој би сакал да ве вовлече во оговарања и затоа ќе треба да се заштитите себе си од љубоморни и премногу љубопитни луѓе. Знаејќи го ова ќе успеете да се повлечете навреме и да ги заштитите своите финансии. Бидете објективни.

РАК: Ако треба да чекате, тогаш бидете трпеливи и во вистинскиот момент ќе се отворат нови шанси пред вас: повикани да ја докажете својата компетентност, ќе делувате разумно и ќе се ослободите од недоличните страсти. Чесни, меки и нежни, не дозволувајте неодлучноста да ве блокира: ги имате сите информации!

ЛАВ: Разиграни, весели и љубопитни, денес ќе успеете да ги извршите своите задачи по логичен редослед: вашето срце е топло и многу веројатно ќе работите се помлади луѓе од себе. Диктирајте го темпото и дозволете се да се радувате: дури и ситните мали задоволства го прават животот побогат. Постигнувате мудрост.

ДЕВИЦА: Добро е да знаете дека дури и ако не се согласувате со сите, тоа е во ред: не може секоја конверзација да има длабочина, па затоа ќе треба да го погледнете работите од друг агол. Имате доволно ресурси и познанства да се движите во вистинските општествени кругови: успевате да дојдете до мудри и еднакви решенија.

ВАГА: Ако побрзате, ќе успеете да ги направите саканите промени: повикани од страна на некоја повозрасна личност со голем авторитет, ќе сакате да помогнете и ќе ја користите својата сила креативно. Искористете ги поволните планетарни влијанија и искачете се на општествените скалила: одлични шанси за заработка!

СКОРПИЈА: Што и да се случува, рано е да го славите својот успех и да спиете на ловориките: вложете уште само малку напор во вистинскиот правец и не борете се со имиџот што сакате да го оставите. Креирајте нова визија за себе и појдете во нејзино остварување: од другата страна ве чека ново друштво со инвентивни идеи.

СТРЕЛЕЦ: Можеби ќе успеете, а од друга страна пак можеби и не: ако немате доволно силна волја и сте склони кон ексцеси, може да предизвикате завидливост кај другите луѓе. За да го избегнете овој трик, грижете се единствено за своите проекти и најблиските, а ако можете, појдете некаде на пат или пикник. Спортувајте.

ЈАРЕЦ: Одличен ден за изучување, за реставрирање на физичката сила и за постигнување на опипливи резултати: некои луѓе работат интелигентно, додека пак другите вложуваат голем напор, но и двата начина се добри да се постигне просперитет. Заслужените награди пристигнуваат навреме и добивате нов ангажман.

ВОДОЛИЈА: Ова е прекрасен ден за љубов и забава, како и за нови избори во животот: саканите информации пристигнуваат навреме и животот се одвива по некое шарено темпо, кое што го диктира вашата душа. Нежни, хумани и умни, сфаќате дека работите не се менуваат, туку само односот кон нив. Пораки од духовниот свет.

РИБИ: Храбри при соочување со новите работи, се служите со својата интуиција при носењето на важните одлуки: отворете ги очите и погледнете ја реалноста. Не затворајте го срцето за едноставните задоволства, туку правете добри дела и бидете сложни со тимот. Најдете време да прошетате во природа и уживате во нежниот ветер.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]