Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Крајно објективни, успевате да ја поправите економската ситуација: ѕвездите ве советуваат да започнете некаков бизнис или проект. Работете вредно, но не заборавајте на афективниот сектор: Месечината во Водолија ќе ви донесе средби со пријателите, а тоа ќе ве исполни со оптимизам и среќа. Имате добро здравје и внатрешен баланс.

БИК: Се обидувате да застанете на своите нозе, под закрила на менторите и правите новипознанства кои ќе го издржат тестот на времето. Не останувајте дома, туку појдете некаде на вечера или некоја забава, каде што ќе се запознаете со многу нови луѓе. Позитивни промени, со кои го поправате своето расположение и здравје. Вредни информации.

БЛИЗНАЦИ: Ова е период на неизвесност: иако многу работи се чинат дека се под контрола и ви претстојат убави и просперитетни шанси, се чини дека нешто не се одвива добро при нивната имплементација. За вас апстракцијата е непотребна, па ќе инсистирате на јасна комуникација. Ќе треба да вложите поголем труд и да ја избегнете мрзеливоста.

РАК: Дојдено е време за важни одлуки во животот: легални процедури и заштита на финансиите, особено на оние од заеднички карактер. Треба да бидете објективни и да го искористите овој редок момент на среќа: неочекувани пари или наследство, како и поддршка од семејството. Доколку сте болни или под стрес, најдете време за одмор.

ЛАВ: Остануваат уште некои ситници што треба да се разјаснат: сепак, најдете време да се одморите и да зацелите, не мора сето време да сте во прв план. Научете дека мудроста се состои во тоа да го знаете вистинското време за напредување, а останатото ќе си дојде самото од себе. Потрошете малку и оставете нешто настрана.

ДЕВИЦА: Средба со авторитетна личност, која што ќе ви понуди неколку избори: ова е креативен период пријатели и конечно се чувствувате стабилно и исполнето. Знаете дека сите имаат таленти во младоста, а уште подобро ако ги откриете во зрелото доба. Најдете време за ретроспекција и одмор, по кој ќе се спремите за идната работна недела.

ВАГА: Некои чудни сили го движат вашиот свет и сметате дека не можете да се разберете со саканите, но дали е навистина така? Можеби сте само истоштени и ви е потребно време да се одморите, наместо да трчате по друштвени збиднувања. Размислете добро што го кочи вашиот развој и анализирајте се подобро. Непристрасност.

СКОРПИЈА: Понекогаш оние идеи кои се чинат дека се неизводливи, ќе излезе дека се најдобра опција: времето е сериозен фактор кој што не смее да се занемари и сега разбирате што значи моќта на некоја идеја, чие време е дојдено. Оној кој што господари со себе кога е сам, ќе му биде лесно и во друштвото на другите. Имајте подобар слух сега.

СТРЕЛЕЦ: Времето за саможртвување завршува: имајте надеж, бидејќи ве очекува средба со сочувствителна личност која ќе ве поддржи во вашите настојувања. Покажете ја својата праведна страна, како и изобилието на мудрост кое што се крие во вас: Можеби некој ве лаже, но брзо ќе го увидите тоа. Разберете ја привремената природа на нештата.

ЈАРЕЦ: Интимните врски се продлабочуваат и сега уживате во многу нежни моменти со саканите. Можно е да започнете семеен бизнис, кој ќе ви донесе финансиска сатисфакција. Искористете го овој добар период и најдете малку слободно време: појдете на пикник или краткотраен пат, кој што ќе ве освежи. Инвестирајте во домот.

ВОДОЛИЈА: Конечно сте среќни: го гледате светот од нов агол и разбирате дека ниеден човек не се гледа онака како што се гледа тој самиот, та дури ниту во огледалото. Сè што ќе вложите, ќе ви ве се врати со добро: така иде тоа со добрите дела. Опуштете се сега и уживајте во животот и со своите најблиски. Нека ве води интуицијата.

РИБИ: Научивте да живеете сами, наоѓајќи го потребниот баланс во самите себе: така е и со волкот, тој умее да е сам, но и со друштво. Бидете вредни и фокусирани, дури и со најупорните препреки, сега повеќе нема назад. Најдете им се на другите во тимските напори и започнете некој креативен проект. Верувајте во својата магија и таленти.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com