Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Соочени со крупни промени, денес зрачите со необичен магнетизам: она што ги заплашува другите, нема никакво влијание врз вас и ќе се завземете сѐсрдно за своите љубени сакајќи да им помогнете на некој начин. Фокусирајте се на најпрактичните области и не злоупотребувајте го авторитетот: полека ги добивате саканите признанија.

БИК: Денес не е добро да форсирате, туку да најдете време да се одморите и да ја обновите својата сила: ако работите не се одвиваат онака како што сакате, погледнете во друг правец и чекајте го утрешниот ден, кога ќе успеете да еволуирате и да љубите повеќе. Господарете со своите емоции и верувајте им на соништата и претчувствата.

БЛИЗНАЦИ: Подгответе ја својата патна торба за кон непознатото и чекајте чудата да се случат самите од себе: пред вас се одлчини шанси кои не треба да ги пропуштите. Во следните два дена ќе ја надраснете врдоената неодлучност и работите кои што ги одлагавте ќе почнат да се остваруваат на волшебен начин! Фокусирајте се кон домот.

РАК: Ова е неизвесен период и ако сте уплашени, ќе привлечете несакани влијанија и ситуации: одложете го делувањето до утре и не обидувајте се да наметнете контрола. На овој начин ќе успеете да најдете сила и повторно да се издигнете за да се соочите со претстојните промени, особено на комерцијален план. Ненадејни добивки.

ЛАВ: Математиката е јасна: еден плус еден се два и плус еден се три. Што значи тоа? Ако работите напорно, ќе успеете да го стекнете саканиот просперитет, чест и слава. Соработка со многу блиска личност и континуиран прогрес во однос на работата: ќе треба да вложите екстра напор и успехот ќе ви стане придружник. Бидете истрајни и постојани.

ДЕВИЦА: Иако животот се одвива брзо и сите се зафатени, денес ќе биде добро да останете на само со сопствените мисли: во тоа нема ништо лошо и на тој начин ќе избегнете потенцијална иритација. Размислете добро како ќе ги имплементирате промените од утре па натаму: нови почетоци кои што ветуваат многу. Останете храбри!

ВАГА: Се чини дека денес нема одмор за вас, но тоа ве исполнува и ви причинува среќа: работите се менуваат и го претчувствувате тоа, сакајќи да направите многу работи одеднаш. Средби и среќни околности, кои што ќе ви помогнат да направите вистински избор: добивате поголема слобода на професионален план и романсата се продлабочува.

СКОРПИЈА: Денес се можни авантури, важни состаноци и силни емоции: сѐ што се случува има некоја повисока цел и сега откривате на каква основа лежат вашите пријателства. Не чекајте премногу и ако некој ве нападне на некој начин, возвратете брзо и уште побрзо заборавете ја случката. Бидете истрајни и лојални на оригиналните идеи.

СТРЕЛЕЦ: Многу нови луѓе, бука и шарени костими и сето ова делува како некој вид на харем, каде што само се зборува, а ништо не се работи: бидете внимателни и откријте кој прави шоу од реалноста. Како да сте на маскенбал и треба да разберете кој ги влече вистинските потези: минатите искуства ќе ви помогнат многу. Останете воздржани.

ЈАРЕЦ: Се јавуваат шанси за патување, студирање и експанзија: прекрасен момент за кој што треба да се спремите подобро. Можеби се јавува нервоза, осоебно во блиските односи, но и тоа е нормално на самиот старт на секој нов потфат. Направете долга листа за она што ви треба и соочете се со сенките: на тој начин ќе постигнете регенерација.

ВОДОЛИЈА: Консултација со некоја личност во која што имате голема доверба: разговорите се водат околу партнерските врски, со кои што ќе добиете нови увиди. Можеби се чувствувате изолирани, осамени и генерално сте незадоволни со себе, но вие сте првите кои што ќе треба да направите промена и да си помогнете: правете мали чекори и издржете!

РИБИ: Разбудете се од долгиот сон и почнете да поставувате нова основа со која што ќе го реорганизирате животот: ако сакате да постигнете чест и слава, ќе треба да работите многу и да инвестирате во основните активности. Ако постојат бариери во интимните врски, ќе треба да ги отстраните истрајно камче по камче и да ја реставрирате довербата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com