Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Од денес натаму ќе може да ги оставите променливите услови зад вас: веројатна е средба со страсна личност, која ќе изјави дека е волна да се поправи. За да го стори тоа, човек треба прво самиот себе си да си признае дека греши, а потоа следат нужните корекции. Со постојан труд и свесност, наоѓате поддршка помеѓу помладите.

БИК: Подготвени сте да стапите на сцена и да ги искористите талентите на непристрасен начин: среде бурни времиња, вашиот ум е постојан и сконцентриран и ќе успеете да ги надминете оние со силни страсти, покажувајќи ја својата умешност и знаење. Креативен период во кој што ви се нудат нови шанси.

БЛИЗНАЦИ: Интензивни времиња пријатели, кога ќе научите дека пред да му се претставите на светот, тој ќе ви се претстави вам: бидете претпазливи, особено ако поаѓате на далечно патување и штедете повеќе. Секако, не само во финансиска смисла, туку и себе си. Следете го сегашниот курс и контролирајте ја страста, како и нагонот за наредување.

РАК: Сеќавања на убави моменти минати во друштвото на некоја сензибилна личност, кои што ќе ве натераат да се повлечете во својот свет и да истражите какви се нагоните кои што ве движат. Научете се да сакате свесно и да ја почитувате вистината, но не како казна, туку како највозвишена задача. Светот на науката не познава за граници.

ЛАВ: Ексклузивен период кога сте повикани да се претставите во јавноста: отстранете го непотребното за да дојдете до саканиот изглед на проектот и внимавајте притоа да не повредите некој. Другите ве слават и величаат, но, за чудо, вам тоа ви пречи. Постои одредена поделеност и некакви игри, кои ќе ги надминете до вечер или утре.

ДЕВИЦА: Вложени сесрдно во подигање на јавната свест и со желба да им помогнете на помалку среќните, добро е да разберете дека имањето на многу информации може да ви засмета. Чујте ги советите од некоја чувствителна личност и осамете се за да го разберете подобро внатрешниот глас: дајте им предност на помладите и бидете мудри.

ВАГА: Планетите во Близнаци го диктираат темпото, а тоа носи брзи и нови информации кои што не смеат да се занемарат: ќе бидете поддржани од некоја остроумна личност, чиј што интелект не е лесно поткуплив. Сведоци на случки од кои што нема враќање, внимавајте да не преземете товар под чија тежина може да потклекнете.

СКОРПИЈА: Добивате информации кои што ќе ви покажат како да се коригирате: велат дека чувствата ја исполнуваат празнината на незнаењето, затоа отстранете го непотребното и продолжете кон помирни води. Славата е нешто што треба да се стекне, а честа, пак, е нешто што не смее да се изгуби: не се навраќајте кон минатото. Едуцирајте се.

СТРЕЛЕЦ: Нема да ја познавате својата сила, сè додека не се соочите со тешкотии: за вас предизвикот претставува нова страст, затоа храбро ќе се заземете за своите идеи. Можен е натпревар кој ќе ви даде нови насоки во животот и добро е да послушате совет од некоја жена: дајте ѝ подлабока димензија на реалноста, боејќи ја во своите бои.

ЈАРЕЦ: Некои работи се надвор од вашата контрола, но тоа не значи дека со време и посветеност нема да успеете да се издигнете на саканата позиција, било тоа да е од романтична или професионална природа. Од вас се бара воздржаност, постојаност и кротење на темпераментот, особено во ситуациите кога ќе сакаат да ве величаат. Нови трендови.

ВОДОЛИЈА: Добро ја анализирате ситуацијата и учите како да ги користите талентите на тимот: партиципирање во некој научен проект, со кој што напредувате успешно и брзо. Патот пред вас е отворен и имате самодоверба да истапите храбро: не се мешајте во туѓите проблеми и ќе избегнете критика. Тоа за сега е најкоректното однесување.

РИБИ: Иако дојдовте до важни информации, тоа не значи дека треба да ги злоупотребите: ситуацијата би можела набрзо да стане непријатна. Не дозволувајте си да ве понесат силни страсти туку трансформирајте ја својата енергија во постојаност. Потпишување договори и радикални промени: како што судите, така ќе ви се суди.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com