Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Динамични и храбри, сакате да им помогнете на другите со своја иницијатива имајќи добро чувство за такт и дипломатија: ваквиот став ќе ве направи популарни и ќе успеете да воспоставите нов ред во својата средина. Консултирајте се со поискусните и направете нови и трајни договори.

БИК: Сега е време практично да го аплицирате своето знаење, да ги покажете своите таленти и умешност. Бидете разиграни како дете и истражувајте повеќе. Ќе успеете да ја подобрите својата техника преку контролирана енергија и труд: откривање на нови вистини и поддршка од менторите.

БЛИЗНАЦИ: Конечно започнува еден нов циклус, во кој што ќе се освежите и ќе се вратите на сцената посилни: ова најмногу се однесува во областа на домот, каде можеби ќе почнете да реновирате или да редекорирате, со желба да го разубавите просторот. Подготвени за нова фаза и животот е песна!

РАК: Ако имате некаков вид на здравствен проблем, денес ќе биде одличен ден да направите анализи или да се обидете да го намалите стресот, предизвикан од премногу обврски и финансиски проблеми. Договори за нова соработка и координирање во друштвениот сектор.

ЛАВ: Започнувате сериозна работа, која ќе бара да обрнете поголемо внимание на деталите: време е да им се обратите на заостанатите проблеми и да забавите. Запрашајте се колку сте објективни и како да го коригирате однесувањето што не ви дозволува да растете: имајте поширока визија.

ДЕВИЦА: Потребна ви е самодисциплина за да успеете да создадете нов ред во својот живот: чистење, реорганизација и поставување на нови стандарди, со кои што ќе го смирите умот и душата. Откријте како другите се справуваат со своите животи и ќе откриете дека секој има своја приказна. Не сте сами!

ВАГА: Ако сакате повторно да доживеете сјај во своите интимни врски, ќе треба да бидете попонизни и да избегнувате правење на сцени: условите се менуваат, но не можете сè да смените преку ноќ. Ве чека истрајна работа и многу планирање за да постигнете успех. Приспособете се повеќе.

СКОРПИЈА: Имате силна интуиција која што од секогаш ве водела во вистинскиот правец: иако денес некои работи се нејасни и неизвесни, знаејќи дека животот се одвива по некои свои правила, ќе успеете да се спасите од правење на погрешни одлуки. Почекајте малку и соработувајте.

СТРЕЛЕЦ: Добивате втора шанса да се справите со некоја работа од минатото, со која ќе успеете да ја вратите својата сила: иако пред вас е плоден период, ќе треба вредно да работите во следните четири месеци за да го постигнете саканото напредување. Ја заслужувате оваа добра среќа и карма.

ЈАРЕЦ: Имате силна потреба да бидете сакани, да постигнете баланс во интимните врски и да остварите нов начин на живот: денес успевате да дојдете до значителни промени и успехот е сигурен. Добри резултати во работата со далечните земји и убави, неочекувани промени и добивки.

ВОДОЛИЈА: Надежта повторно се враќа во вашиот живот, особено ако досега се боревте со ветерници: сè што треба да направите е да го отворите своето срце и да покажете каде сте ранети. Потоа ќе биде полесно и ќе привлечете добра среќа: насмејте се малку и бидете благодарни за она што веќе го имате.

РИБИ: Станувате посвесни за своите потреби и доаѓате до длабока регенерација: изразете се на креативен начин и настапете храбро. На тој начин ќе ја зголемите и својата витална сила и ќе направите крупни промени во партнерските врски: континуиран прогрес и развој на некоја идеја и план.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]