Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Станувате свесни за сите оние фини детали кои што го чинат животот побогат: како да работите на огромна таписерија со раскошен приказ. Подготвени сте за разбирање на комплексните теми и повторно сте во водечка позиција: изразете го своето мислење за некоја деликатна тема на дипломатски начин и успорете го темпото. Нови информации.

БИК: Доаѓате до големо влијание и висок социјален статус: секако ова е поврзано со нови одговорности, за кои што имате доволно самодисциплина. Интимните врски цутат и го живеете својот живот на мирен и љубезен начин: се обидувате да напредувате и тоа го правите со леснотија. Останете скромни и имајте доверба во процесот.

БЛИЗНАЦИ: Не дозволувајте си да потонете ако финансискиот сектор не се одвива како што посакувате: можни се неочекувани сметки, но имате доволно резервен фонд да се справите со изненадувањата. Страста, стравовите и лутината оставете ги во минатото и не служете се со трикови. На крајот од денот ќе го најдете својот мир дома и ќе се одморите.

РАК: Консултација со личност која што има важна професија: важни и чесни разговори околу некои тајни теми. Обрнете му внимание на економскиот сектор, кој што бара одговорност за да го постигнете саканиот статус и елеганција. Избегнувајте дружење со суетни личности и не наседнувајте на лажни ветувања.

ЛАВ: Повторно се соочувате со некои ситуации од пред месец дена: еден ден ќе треба да ѝ погледнете на вистината во очи, па колку и да е болно тоа. Сепак, она што сакате да го кажете нека биде умерено и не правете драма: не плашете се да напишете ново сценарио и да откриете една подлабока вистина. Помирете се со судбината.

ДЕВИЦА: Се чини дека ги забележувате пораките и знаците кои што за останатите се сокриени: имате верба во својата интуиција и сфаќате дека не сте сами. Она што се случува има глобално влијание и сега учите како да ги користите овие информации. Како да ве водат невидливи сили кои што се прецизни и точни до детали. Фатете ритам.

ВАГА: Вашите најблиски сакаат да знаат што планирате за непосредната иднина: какви се вашите повисоки цели и надежи? За што размислувате кога сте сами и дали воопшто сонувате за нешто? Можеби некој ви работи од зад грб и сака да ви подметне дејствија кои што се направени без ваше знаење, но тоа не ве заплашува: вие сте чесни!

СКОРПИЈА: Чекорите на запален терен, чија идеја бара прилагодување и промена: слушнете што имаат да ви порачаат авторитетите и потоа делувајте. Ако очекувате да бидете ослободени од страна на некоја друга личност, ќе останете роб: бидете флескибилни, слушајте се себе си и не плашете се да смените некое правило. Никој не е совршен.

СТРЕЛЕЦ: Подготвени сте да се соочите со сите ситни детали од важните договори: од вас се бара сериозна инволвираност, а вие не се срамите да работите. Останете решителни и убедливи, бирајќи го вистинскиот тајминг: избегнувајте лицемерни луѓе и работете со исконтролирани личности. Покажете ја својата вредност и мудрост.

ЈАРЕЦ: Се соочувате со негативни случки кои што се вон вашата контрола: ова се несигурни времиња со неизвесен исход, кои укажуваат на застои во работата, безбедноста или верувањата. Застанете за кратко и заштитете се себе си: не лажете се и не одрекнувајте го она што се случува. Учете и растете низ овој процес: тоа е најдобрата заштита.

ВОДОЛИЈА: Одличен ден да се запрашате дали она што се случува ѝ одговара на вашата првична замисла: разберете ја својата мотивација, размислувајќи за страстите и не лутете се. Бидете флексибилни и сетете се на претходните успеси, не дозволувајќи си да бидете поразени: животот има минлива природа и штом ќе процвета, цветот почнува да венее.

РИБИ: Подготвени да се соочите со радикални промени, ги отстранувате од својата средина неискрените и љубоморни личности: ќе успеете да ги исправите неправедните ситуации и да си се посветите на својот сопствен мир и слобода. Обрнете поголемо внимание на дневните навики и диети и мудро служете им на своите идеали. Читајте повеќе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]