Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Се извлекувате бавно од креветот, како сирена од морската шир која што е подготвена да превземе човечка форма: ова е ден со бавно темпо, во кој што правите искрени напори да заблескате на работен план. Бидете истрајни и разберете ја моќта која што ви е дадена. Купете си нешто убаво и оддолжете им се на пријателите.

БИК: Смирени и симпатични, успевате да ги освоите срцата на сите околу себе: денес ќе успеете да направите нови пријателства и да ги продлабочите оние што постојат. Можеби ќе појдете на пат, а ако останете да работите, стремете се да бидете ефикасни без да брзате некаде: трудете се секогаш да напредувате и сакајте со цело срце!

БЛИЗНАЦИ: Ако пријателите ви бараат благодарност за секоја услуга, тогаш повеќе тргувате отколку што се дружите: внимавајте на ваквите скриени пораки и осатнете трпеливи. Бидете мудри и не оддавајте им се на негативните емоции: отворете го срцето и ќе откриете дека постојат добри шанси да ги остварите плановите во следните два дена.

РАК: Можеби сте изморени, но не предавајте ѝ се на меланхолијата: точно е дека вашите емоции варираат како и брановите на морето, но сега постои начин практично да ја аплицирате својата енергија и да се здобиете со самодоверба. Управувајте ја мудро својата моќ и сила и не судете си престрого ако згрешите некаде. Владејте со себе.

ЛАВ: До израз доаѓаат вашите лични црти и сфаќате дека работите се многу изменети: како да патувате низ нови краишта и не знаете каде да се упатите. Сега треба да покажете од што сте направени, но дали доволно верувате во себе си? Запрашајте се во што верувате и дали таквите ставови држат вода: ако не, започнете да растете!

ДЕВИЦА: Секогаш посветени дури и на најситните детали од некоја работа, денес работите вредно како да служите некаков олтар или личност од висок ранг: бидете умерени и помогнете им на помалку искусните, бидејќи и од нив нешто може да научите. Имањето на редовна рутина ви значи многу и се подготвувате за зрела работа.

ВАГА: Денес се будите од некаков вид на меланхолија која што им натежнала на вашите плеќи и ве држи во емоционална хибернација: станете порано и радувајте му се на Сонцето, бидејќи ќе доживеете крупна промена – па дури и блузот има свој крај! Успевате да го вратите својот авторитет, дури и да не се согласите со сите.

СКОРПИЈА: Конечно ја добивате долгоочекуваната поддршка од јавноста: ја покажувате својата сила и лична вистина, со кои што постигнувате успех. Постои голема веројатност да патувате или да направите добар профит од некоја зделка, но и да се договарате за некаков вид на наследство. Бидете постојани и откријте ги квалитетите на карактерот.

СТРЕЛЕЦ: Се прашувате како успевавте кога бевте дете да ги добиете сите работи што ги посакувавте: гледајќи се себе си среќни на крајот од саканото сценарио, можете и обичниот свет да го направите екстраординарен! Без оглед какви се моменталните расположенија, вие сѐуште ја поседувате таа моќ: чукнете и ќе ви се отвори.

ЈАРЕЦ: Силни влијанија кои што ќе резултираат со крупни промени, можеби не веднаш, но ситуацијата не може да се контролира: размислете добро за личното минато и откријте начин радикално да ги смените шемите на однесување. Може да се каже дека ова е контролирана криза, која што бара корекции. Надминете го чувството дека сте жртва.

ВОДОЛИЈА: Не сокривајте се во својата школка и не стравувајте да признаете дека сте исплашени: можеби волкот тропа на вратата, но со екстремни реакции нема да постигнете ништо. Размислете за минатото и своите страсти, разбирајќи ги своите мотиви и сенки: колку подобро се соочите со себе, толку побрзо ќе ги решите и проблемите.

РИБИ: Имате корисни сознанија и доволно мудрост да знаете кога да делувате: трпеливи и смирени, нежно ги остварувате своите концепти во материјалната реалност. Започнатите проекти постепено се одвиваат и се движат по сопствен ритам: како срцето, како дишењето, како самракот и зората. Ја следите природата и нејзиното темпо.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com