Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Денес влегувате неподготвени во рингот: како да сакате да изгасите пожар со само една чаша вода во рацете. Ќе треба да го смените темпото и да работите вредно во текот на денот, а ако сакате да направите долготрајни промени, потребно е правилно да ги адресирате работите. Започнува период на адаптација и служба.
БИК: Успевате да ги смирите страстите и да се насмеете, а со што ќе влијаете волшебно врз луѓето во вашата близина: денес сите ве сакаат и ја обожуваат вашата истрајност и професионалност. Се јавуваат нови и просперитетни шанси, со кои што ќе си ја вратите самодовербата: извонреден ден за нови предизвици и помош на најблиските.
БЛИЗНАЦИ: Она што го споделувате со другите никогаш не е залудно и денес ќе откриете многу нови причини за радост и смеа: некои договори и проекти се комплетираат и може да прејдете во следната фаза. Доаѓате до опипливи резултати и заслужени награди, по што вниманието го фокусирате кон домот. Среќа и духовен мир.
РАК: По сериозно размислување, денес веќе знаете како е најмудро да постапите: вашите желби и соништа нема никогаш да се манифестираат ако не вложите сериозен труд. Имате поддршка од пријателска и лојална личност, која што ќе ви помогне од своја страна, но вие треба да го направите својот дел: доаѓате до конструктивни решенија.
ЛАВ: Работите се менуваат и сега треба да обратите поголемо внимание на потребите на другите и да откриете како да ја вратите сигурноста во животот: материјалната и емоционалната. Креирате нови форми во интерперсоналните врски, како и промена во личниот стил: темпото добива бавен ритам и треба да се адаптирате. Нови диети.
ДЕВИЦА: Фокусирани на нешто големо, денес сте весели и уживате со саканите, сакајќи да направите нешто специјално за нив: работите се средуваат по некој божествен ред, а сѐ што треба да сторите е да внимавате на преголемите трошоци. Успевате да си ја вратите самодовербата, ослободувајќи се од непотребните глупости.
ВАГА: Конечно одлучувате да ги превземете работите во своите раце и да направите поубава иднина за себе и своите сакани: се согласувате дека повеќе нема време за чекање. Ако дозволите да ве владеат ниските страсти, ќе откриете дека повторно сте на почетокот, затоа избегнувајте круто и тврдоглаво однесување. Опуштете се малку.
СКОРПИЈА: Промена во надворешните околности, кои што ќе ги покажат вашите богати ресурси: константни во својата доблест и ставови, ќе знаете каде е најдобро да направите промена. Им обрнувате внимание на важните принципи од животот и се држите до традицијата: ова е креативен процес со кој што доаѓате до важни промени.
СТРЕЛЕЦ: Се обидувате да постигнете умереност и балансирате помеѓу работните потфатии и семејството: нови должности кои бараат реорганизација и менување на стнадардите на работа. Веќе сте искусни на ова поле и ќе успеете да постигнете стабилност за сите, а не само за себе: ја сакате својата работа и затоа сте среќни!
ЈАРЕЦ: Убави изненадувања кои пристигнуваат сосема неочекувано: некаков вид на промоција, заслужена награда или подароци. Повторно се јавува надеж и радост, особено во интимните врски: полека созреваат сите започнати процеси и влегувате во период исполнет со изобилие и успех. Тивко тлее внатрешната сила на љубовта.
ВОДОЛИЈА: Минавте низ крупни промеи, но сѐуште можете да се потпрете на себе си: што друго ви преостанува? Можеби ќе треба да ја коригирате досегашната слика за настаните за да одговара на онаа која што ја покажувате во јавноста: не прашувајте се зошто сте тука, туку издигнете се повторно од прашината. Превземате нови должности.
РИБИ: Ослободете се од ситните и рутински задачи и најдете време да уживате во убавите летни денови: формални состаноци и неформални друштва. Кругот на луѓе се проширува природно и ги бирате оние кои што имаат содржина да ја нахранат вашата душа. Кога добро ќе го поставите проблемот, веќе наполу сте го решиле: бидете искрени!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ