Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Работите се по малку тесни во вашиот личен сектор, но колку пати и да паѓате, успевате повторно да застанете на своите нозе и да се надевате. Имате убави и креативни идеи, кои ќе причекаат ден или два, додека да добијат конкретна форма: најдете време да им помогнете на другите и да направите пауза за себе. Внимавајте на очите и главата.
БИК: За да покажете колку навистина вредите, ќе треба да сокриете неколку адути во ракавите и да оставите простор другите да се покажат во вистинското светло: бидете тивки додека се лулате во својата столица и покажете респект дури и кон оние со кои што не се согласувате. Имате широко срце и љубезност, кои што ве прават победник.
БЛИЗНАЦИ: Добро е да се запрашате колку пати сте се соочиле со истата ситуација: мудро е што ги таите своите порази, но ако не си признаете дека тука постои шема по која што работите се повторуваат, ништо нема да смените. Вашата лична неодлучност се материјализира во надворешниот свет, затоа не барајте кривци: менувајте се самите себе.
РАК: Започнувате да изучувате нешто кое што бара целосно посветување: бидете подготвени за овој предизвик и откако ќе разберете повеќе, ќе почнете и помирно да спиете. Доаѓате до некаков вид на документи или договори, кои што бараат храбар пристап: ќе постигнете среќа само ако за неа одлучно се борите. Кратко патување.
ЛАВ: Одличен ден за дружење со пријателите и истомислениците: сега не се плашите да воспоставите нови контакти, со кои што ќе го збогатите својот живот. Луѓето пристигнуваат од сите страни на светот и секој има нешто специфично да покаже, а тоа ја враќа вашата инспирација: време е за дружење и за славење на разликите. Среќни сте!
ДЕВИЦА: Мудроста се состои во тоа да видите колку што сакате, а не колку што можете: користете ја својата имагинација и бидете селективни во однос на новите информации. Издигнувајќи се над негативните ситуации, ќе ја откриете својата подлабока и спиритуална страна. Ова е креативен процес со кој што доаѓате до подлабоки вистини.
ВАГА: Можеби се чувствувате истоштени, само поради тоа што сметате дека вашите интимни врски не водат никаде: давате сѐсрдно, а имате импресија дека не добивате ништо за возврат. Сменете тактика и фокусирајте го вниманието на работата: како можете да ги подобрите животните услови? Не верувајте на сѐ што ќе чуете и не брзајте.
СКОРПИЈА: Влегувате во еден нов период во кој што ќе треба да ги развивате идеите со хуман карактер: тежнеете да постигнете кохерентност, хармонија и добра комуникација. Од вас се бара да патувате и сето ова се случува во вистинското време: ако наидете на блокада, направете пауза и не губете храброст поради бавниот развој на настаните.
СТРЕЛЕЦ: Добивате понуда со која што се отвора еден нов циклус и за вас исто: размислете добро како ќе постапите во однос на оваа покана и дали таа ќе ве донесе до саканата слобода. Оваа промена ќе ви годи и ќе успеете да постигнете слава: не чекајте премногу долго, направете го првиот чекор и освежете се конечно!
ЈАРЕЦ: Новите услови носат и неочекувани промени: отворете ги очите и ушите дури и при обичните средби. Никогаш не може да знаете од која страна ќе пристигне среќата. Здружете ги силите на домашен и професионален план и ќе успеете да ја вратите благосостојбата: бидете умерени во сѐ, а особено ако се сретнете со некој од минатото.
ВОДОЛИЈА: Комуникацијата станува повеќеслојна и подлабока: сега ги откривате сите трикови, интриги и измама. Се прашувате дали светот добива нешто со вашето присуство и дали ќе изгуби нешто ако заминете? Што може да се смени? Пред да одлучите било што, бидете сигурни дека ги имате сите информации и соочете се со вистината.
РИБИ: Соочување со силни емоции, особено во интимните врски: ова е минливо чувство, но како некој или нешто да се обидува да застане поемѓу вас и саканите. Како непишано правило се јавува недоверба и љубомора, а можни се и агресивни испади. Не наседнувајте на искушенијата и внимавајте на вокабуларот. Утре е нов ден.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ