Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Конечно може да се каже дека денес ќе здивнете и ќе успеете да ја избалансирате својата енергија: прекрасен ден кога станува збор за работите на срцето. Луѓето ви се восхитуваат и знаете како да им помогнете на пријателите: нешто ќе остане тајна, бидејќи имате право на тоа. Зрачите со необичен шарм и интелигенција.

БИК: Сега не можете да пливате против струјата и ќе треба да се адаптирате колку што можете повеќе: обидете се да разберете какви се мотивите на луѓето околу вас и имајте симпатија. Ова е период кога треба повеќе да се одмарате, отколку да делувате, затоа постапете токму така: останете меки и нежни во сите ситуации.

БЛИЗНАЦИ: Со истите дејствија сте се соочиле веќе и предходно: сега сте поискусни и знаете да се заштитите на време. Како да имате волшебен талисман кој што ви дава невидлива заштита. Таквото однесување ќе доведе до поволни пресврти и другите ќе ви понудат некаков вид на услуга или добротворна работа, а што ќе ве израдува многу.

РАК: Што се однесува до физичката реалност, сега сте задоволни: имате богати ресурси, награди, но и љубов и добра среќа. Сепак, внимавајте да не се занесете премногу, особено во однос на емоциите: следете ја интуицијата, бидејќи таа ќе ви одговори како е најдобро да се реорганизирате за да продолжите понатаму.

ЛАВ: Главните одлуки се донесуваат дури и ако врне: погледнете ја својата листа на приоритети и спротивставете ѝ се на тенденцијата да ги гледате работите негативно. Задоволете се со скромно однесување и имајте имагинација кога станува збор за крупните работи и проблеми: бидете понизни и помогнете им на останатите.

ДЕВИЦА: Денес е добро да се запрашате што сакате да постигнете во непосредната иднина: иако некои работи се вон дофат, тоа не значи дека не може да се исполнат. Направете пауза од дневната трка и планирајте, сонувајте и изучувајте како е најдобро да ги остварите заедничките желби со своите партнери.

ВАГА: Ако сакате да постигнете вистинска интимност и да го продлабочите романтичниот живот, ќе треба да смислите како да ги израдувате саканите: појдете некаде на пикник или на одмор покрај вода и покажете дека имате воља да се коригирате. Ваквите ситни знаци на внимание вредат многу повеќе отколку мислите.

СКОРПИЈА: Се чини дека ќе треба да направите неколку отстапки и да се покажете во најдобро светло пред авторитетите: почитувајте ја конвенцијата и не експериментирајте. Имате доволно искуство да смислите нови решенија и повторно да се покажете во најдоброто светло. Обрнете внимание на имотот и трошоците.

СТРЕЛЕЦ: Семејството ви претставува најголема среќа денес: што и да се случува, нивните насмевки го враќаат вашиот дух во баланс и повторно сте среќни и задоволни. Ова се однесува на потесниот круг на семејството, но и на блиските пријатели: повод за славење и дружење со подобрите од вас. Сѐ е добро, затоа опуштете се малку.

ЈАРЕЦ: Темните облаци полека се повлекуваат и тешките времиња се зад вас: уживате здоволно, славејќи ги победите, но и поразите. Сега појасно ги гледате работите и сфаќате дека мора да минете низ оваа транзиција, која што доаѓа сосема природно: како смената на сезоните, така се менувате и вие. Направете пауза и не очајувајте.

ВОДОЛИЈА: Се чини дека некој ја открива вашата болна точка: можеби се чувствувате експонирани и веќе уморни, но ќе треба да го завршите она што сте го започнале. Станува збор за нешто што се провлекува одамна, но денес бара итно внимание: ако сакате да си го вратите мирот и добросостојбата, не одолговлекувајте повеќе.

РИБИ: Имате способност да ги предвидите идните случувања: некои работи се сѐуште само фантазија, но затоа пак треба да бидете похрабри и да посегнете по нив за да ги остварите. Можеби вашите пријатели и блиските ве задржуваат и ќе треба да ги оставите зад себе, за да ги испробате своите сили: поставете нови стандарди.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]