Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Можеби сметате дека не постои повеќе ништо што би ве изненадило и го гледате светот како да е фатаморгана: не знаете дали камилите што чекорат на пустинскиот песок се оддалечуваат или приближуваат, а тоа ве фрустрира. Бидете подготвени да вложите искрен напор во романтичните односи и направете мала жртва.

БИК: Во екот на летото секој сака да ги претстави своите најдобри квалитети, но денес не е време за брзање, напротив, добро е да паузирате и да откриете во кој правец ќе се одвиваат понатамошните работи. Цврсто ситуирани во својата вистина, ништо не може да ве вознемири: успехот се случува бавно, но сигурно. Бидете истрајни.

БЛИЗНАЦИ: Денес би можеле да преземете екстра одговорности поврзани со работните активности: поддршка од странските земји и покрај ситните одолговлекувања. Можеби сте по малку немирни, но не губете надеж: ако дојде до аргументи, ќе успеете да ги решите брзо. Денес нема простор за горчина: бидете мудри и ослободете се од стравот.

РАК: Ова е ден со брза динамика, во кој завршувате дел од обврските и се здобивате со силно чувство дека конечно се движите во вистинската насока. Ако до сега се соочувавте со застои, од денес па натаму ќе почувствувате дека сè одеднаш се решава со огромна брзина. Кратки посети и патувања во последен час.

ЛАВ: Оној што работи никогаш не е несреќен, па така и вие пријатели, денес ќе имате можност да го проширите своето знаење и да го разберете светот на едно пошироко ниво. Покажете ги своите таленти на успешен говорник и разговарајте со некој што е од различна културна средина од вашата. Размислувајте за иднината.

ДЕВИЦА: Признанијата и наградите стигнуваат во своето време и денес ќе бидете оценети за својата компетентност: вистинските дела и храброст треба да се респектираат. Ќе откриете дека ќе добиете некаков вид на компензација за своите напори и тоа ќе ве израдува: промоција, но и честитки за туѓите достигнувања.

ВАГА: Она што некогаш сте го научиле може да биде вредно само ако го користите: додека сите наоколу трчаат без глава, вашиот вроден баланс ќе ви помогне да останете ладни и дистанцирани. Оттргнете се од некои кругови на луѓе, а придружете се кон некоја нова и потолерантна кауза: наскоро работите ќе се забрзаат, на ваше задоволство.

СКОРПИЈА: Ако сакате да се убедувате со поинаквите од себе, нема да постигнете ништо и само ќе губите сила: некои луѓе едноставно не можат да се сменат така лесно, затоа не форсирајте, дури и да сте милион пати во право. Вистината ќе излезе самата од себе на виделина, без поставување на ултиматуми и сцени. Пратете внимателно што се случува.

СТРЕЛЕЦ: Денешните тешкотии се како ветер во магла: конфузни и ни малку пријатни, но со својата решителност и храброст, ќе успеете да стигнете на саканата цел. Станува збор за интриги и расправии, но ќе учите од луѓе кои што и самите се учени. На тој начин ќе ја вратите светлината во животот и ќе оцените што е вистина: фактите се силни докази.

ЈАРЕЦ: За жал вашето напредување кон целта се одолговлекува, а тоа може да ве направи меланхолични: што и да се случува, знајте дека ова се судбински времиња, без оглед дали губите надеж дека ќе победите. Можеби го вложивте и последниот атом на енергија во една насока и затоа ви е тешко: заборавете на сè и почнете одново.

ВОДОЛИЈА: Одеднаш ви е многу тесно во вашата кожа и ќе треба да признаете каде сте згрешиле: животот е тежок, а праведноста е голема доблест. Само слабите не се осудуваат да бидат праведни, затоа посветете доволно време за да ги третирате здобиените рани и повреди. Низ болката ќе ја откриете својата сила, затоа отворете го своето срце.

РИБИ: Прекрасен ден во кој ќе бидете побогати за едно искуство повеќе: силни врски со вашето семејство, со кои ја откривате својата благородна страна. Не се срамите да прашувате таму каде што е потребно и имате голема верба во својата сила и стабилност: убави, талентирани и вредни, луѓето сакаат да се во вашето друштво.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com