Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Иако можеби чувствувате некаков вид на рестрикција, денес ќе успеете да се опуштите малку: кога станува збор за работите на срцето, бидете инвентивни и покажете го својот шарм и спонтаност. Најдобро ќе биде целосно да им се отворите на саканите, а проблемите и потешкотиите да ги оставите во минатото. Започнете нови диети.

БИК: Доаѓате до една фаза каде што цврсто стоите на своите нозе и имате стабилна основа во животот: работите се одвиваат по утврден ред и вашите идеи успеваат. Комуникацијата се одвива на мирен начин и нарушените меѓучовечки односи се коригираат: пријателите и блиските ве сакаат, а тоа ви дава храброст и самодоверба.

БЛИЗНАЦИ: Дневната динамика се одвива во непосредната околина или соседството: шетање, иди-ми-дојди-ми или преселба, со што ќе ги консолидирате своите планови. Се чувствувате добро во својата кожа и конечно сте опкружени со радост, задоволство и комфор. Сепак, не прептерувајте во трошењето и започнете да штедите.

РАК: Ќе треба да внимавате и да не наседнувате на лажните насмевки од страна на некои личности: суетата е празна вреќа, која што не мозе да стои исправено. Некој не е сосема искрен со вас и можно е да се работи за љубомора и оговарање, како и издадени тајни. Работите не се такви какви што се чинат, затоа добро внимавајте денес.

ЛАВ: Ако некој ве форсира да направите важни одлуки, добро ќе биде да причекате: откријте на каква основа лежат работите и не однесувајте се непромислено. Многу важни промени на личен план, за кои ќе треба да се оправдате пред јавноста: без да знаете, вашите дела говорат многу повеќе отколку зборовите, затоа воздржете се.

ДЕВИЦА: Нови нагажмани, за кои што не постои реална причина да брзате: работете го она што спаѓа во вашата природна сфера и направете го тоа елегантно и умешно. Ако сакате до го подобрите светот, настојувајте да го направите тоа, без да анализирате премногу: препуштете му се на дневниот ритам и тој ќе ве однесе до саканата цел.

ВАГА: Можеби неодамна бевте повредени, но сега можете непристрасно да ѝ погледнете на вистината во очи: какви и да се, вашите најблиски и драги се тука да ви помогнат да сфатите некои работи за себе, а денес комуникацијата е лесна и шаренолика како паунов пердув. Не размислувајте за мрачни сценарија, туку насмејте се малку.

СКОРПИЈА: Се чини дека една долго планирана конструкција се руши: партнерите ве напуштаат и ништо повеќе не е исто. Како последица нешто многу важно се менува во вас, а тоа се рефлектира и во областа на домот. Она што е важно е да им дозволите на промените да се случат, за да дојдете до нови шеми на однесување и ослободување.

СТРЕЛЕЦ: Доаѓате до целосна регенерација во својата потрага за финансиска сигурност: станувате свесни за својата важност и можете да се изразите на креативен начин, а на така да ја одржите и добрата виталност. Штом ги решите своите сопствени мистерии и ги отстраните сенките, ќе успеете да направите екстраординарни договори.

ЈАРЕЦ: Се појавуваат интриги, лаги и дилеми, а неодлучноста го успорува вашето движење: најдобро ќе биде ако работите сами. Можеби му верувате на некој близок кој што сака да ве изневери, а тоа ќе резултира со штетни изненадувања, превземање на нови ризици и лична промена. Внимавајте на финансиите и фокусирајте се на домот.

ВОДОЛИЈА: За чекор или два се случуваат крупни промени, кои што повеќе не можат да се избегнат: ќе треба да бидете храбри и да откриете што носите под своите шарени крилја. Како некоја митска птица која што може да прелета големи далечини: потоа направете пауза и вратете си го здивот. Прегрупирајте се за да сфатите што сте научиле.

РИБИ: Одличен ден да ги направите саканите промени во животниот стил: личните врски се трансформираат, откривате нови пријателства и можеби ќе одлучите да реновирате. Кажете јасно што сакате, а што не и посветете им се на оние пријателства кои што му даваат подлабока димензија на вашето постоење. Нови договори со саканите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]