Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Минувате низ мистериозни времиња, како да сте во продавница со ориентални ќилими и сега треба да го одберете оној кој што ќе ве одведе на вистинското место: подготвени за сериозна работа, им обрнувате внимание на сите мали дневни ритуали. Довршете го она што е веќе започнато и фокусирајте се на утрешниот ден.

БИК: Конечно се отварате како ружа и ги ширите своите опојни мириси наоколу: честитајте си себе си на она што сте го постигнале, откривајќи се во ново светло. Дури и да има потешкотии, ќе се ослободите од нив лесно и наскоро ќе дојдете до нова работна позиција, на која што ќе ѝ се посветите сѐсрдно. Дајте поддршка во семејниот круг.

БЛИЗНАЦИ: Можеби динамиката е малку пребрза за вашиот вкус, но денес ќе успеете да направите пауза и да дојдете до здив: минете го денот во собирањето на ресурси за некој проект или за реставрирање на сопствената сила. Грижете се за својата добросостојба, а потоа како вешт говорник, ќе успеете да се протуркате себе си напред.

РАК: Толку многу сакате да ги споделите своите љубовни чувства и тежнеете да најдете идеален партнер, сакајќи да постигнете совршена хармонија во блиските односи: летаргијата нема да ви помогне во ова. Бидете попрецизни и активно барајте ја својата цел, со која што вашите крилја ќе заживеат и заблескаат со нови бои.

ЛАВ: Денес ќе разоткриете многу работи се себе си, а тоа ќе ги трансформира сите ваши односи: како да сте на сцена и сега е време да настапите. Можеби некој ќе се најде во шок, но ако вашата намера е љубов и искрена комуникација, сѐ ќе помине мазно. Ова е одлична шанса да покажете од што сте направени и да заблескате повторно.

ДЕВИЦА: Ѝ припаѓате на една група на луѓе со кои што споделувате исти интереси, аспирации и цели: како повторно да сте во цутот на младоста и повеќе не ве интересираат последиците, а во тоа лежи вашата сила. Денес сте подготвени да пораснете повеќе од обично и да направите нешто невообичаено и уникатно: време е за брејнсторминг.

ВАГА: Различни видови на нагони ве движат денес: од една страна сакате да сте сами и да медитирате, од друга страна, пак, сакате јавно да ја изразите својата љубов. Се прашувате кому? Добро прашање, нема што! Затоа отворете се повеќе и емоциите ќе потечат како мед кој што се тегне од лажицата која била потопена во теглата. Искрени страсти.

СКОРПИЈА: Сега ќе биде добро да ѝ се препуштите на интуицијата и да ја надминете резервираноста: нема од што да се плашите, освен од самиот страв. Затоа не шпекулирајте, туку откријте го сопствениот ритам и обидете се да се запознаете себе си на поинтимно ниво. Погледнете го светот како низ сон и препуштете му се на текот. Опуштете се.

СТРЕЛЕЦ: Радосни и зрели, повторно извира необична енергија од вас: го прославувате животот и уживате во изобилие и добро здравје. Цврсти како камен и непоколебливи, на што и да работите, набрзо ќе дојдете до својата награда. Затоа само продолжете во саканата насока и ќе успеете да го пронајдете сопственото дрво на желби.

ЈАРЕЦ: Размислувате како да го подобрите начинот на комуникација или, пак, да патувате некаде: можеби некаде далеку или длабоко во својата душа. Ваквиот тип на истражување ќе ви делува благопријатно и ќе ве исцели: насмејте се, бидејќи ве очекуваат убави изненадувања. Откако ќе го смените односот кон себе, ќе ја смените и реалноста.

ВОДОЛИЈА: Не дозволувајте тмурното утро да ви го расипе денот: иако не врне, на вашето небо шетаат облаци. Зошто е тоа така, можеби се прашувате и така губите сила и ориентација. Медитацијата ќе ви помогне да ја вратите силата и повторно да станете продуктивни. Човекот е одговорен за она што го работи, но и за она што не го работи.

РИБИ: Се чини дека размислувате дека суетата и страстите господарат со светот, но тоа не е причина да се предадете сега кога стигнувате до помирни води: како кану, кое што се доближува до обалата. Сега сте далеку поискусни и знаете дека најтивко е пред бурата, затоа најдобро ќе биде да избегнувате ризични активности. Одморете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com