Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Со силни страсти и емоции, внимавајте да не направите избрзани чекори: добро разбирате како се испреплетуваат спритуалните и материјалните сили, а тоа е инцијалната сила која што го креира светот. Сакате да ја смените монотоната рутина и веќе се гледаат позитивни шанси на професионален план.

БИК: Интензивни планетарни влијанија, кои што ќе ве научат да броите до три: бидете цивилизирани и култивирајте го својот дух, посветувајќи се на креативни уметности. Откријте ги своите таленти и ќе ги надраснете стравовите од детството, знаејќи дека треба да тежнеете кон едноставност. Сакајте се повеќе!

БЛИЗНАЦИ: Обрнете внимание на трошоците и внимавајте кому ќе ги поверите своите најинтимни чувства: можеби ќе бидете гласни онаму каде што не треба! Преиспитајте ги своите мотиви и откријте како да постапите најправедно: убаво е што везден работите нешто, но најдете време и да ја обновите својата сила.

РАК: И покрај големото изобилие околу себе, вие се чувствувате по малку осамено: посветени на ситните и рутински задачи, се чини дека вашата среќа ви лизга низ прстите. Не дозволувајте нерасположението да ви ги расипе шансите за просперитет и на тој начин да останете отсечени од саканите: без ментални игри!

ЛАВ: Отфрлете ги сите маски кои од вас ги бара заедницата и ќе успеете да постигнете среќа: не плашете се да пресечете и да си го вратите сјајот во животот. Имањето на мир и добро здравје е најважната компонента за да се постигне среќа, а сѐ останато е обид да им се допаднеме на другите: направете нови стандарди.

ДЕВИЦА: За да го избегнете чувството на истоштеност, обидете се да го смените однесувањето: ако досега сте давале со двете раце, време е истото да го направите и за себе си. Ќе откриете дека постои еден нов свет кој што е исполнет со потенцијали и ќе научите како да пливате во него. Ве очекува успех!

ВАГА: Прекрасен ден во кој што уживате со пријателите и семејството: денес ве зближува некоја посебна причина или повод за славење, со што се враќа и надежта. Недовербата останува во минатото, како склоноста кон ексклузивност. Во несикрените односи е тешко да се каже вистината, затоа култивирајте се себе си.

СКОРПИЈА: Конечно успевате да ги смените застарените методи на работа и да поставите нова структура: на овој начин ќе се ослободите од нездравите односи, откривајќи дека повеќе не зависите од никој. Ако сте одлучиле да купите куќа, направете го токму тоа, ако сакате да смените работа, не чекајте повеќе: ова е нов циклус.

СТРЕЛЕЦ: Некои фази завршуваат природно и сега се подготвувате да ги отфрлите старите облици на однесување: имате моќ да донесете позитивни промени! Одморени и свежи, се враќате на почетната база: бидете практични и реорганизирајте се. Најверојатно станува збор за работата која што обожавате да ја работите. Среќа.

ЈАРЕЦ: Средба со некоја љубопитна личност, која што може да ви извлече информации и без да сте свесни за тоа: повлечете се на сигурно место и почекајте до утре. Оваа ситуација ќе покаже од што сте направени и каков е вашиот карактер: загосподарете со себе и заборавете на агресивните реакции. Најдете сила да простите.

ВОДОЛИЈА: Ако сакате сериозно да напредувате на романтичен, но и на финансиски план, ќе треба да направите здрави инвестиции: непотребните работи отфрлете ги во непознат правец и продолжете кон зацртаната цел. Почитувајте ги договорите и бидете мудри: разберете дека постојат повеќе вистини и успехот ќе биде посладок.

РИБИ: Не измачувајте се себе си со можните исходи на некои прашања, предизвикувајќи си самите депресија и очај. Навикнете се на падовите и успоните во дневната рутина, со кои што можете да дојдете до нови почетоци: заштитете го она што го имате, со поставување на здрави граници. Штедете повеќе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com