Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Секој го носи својот крст, па така и вие пријатели ги носите последиците од своите одлуки: можеби ќе се соочите со провокативна ситуација или агресивен одговор. Како и да е, се чини дека никој не сака да ги признае своите грешки и ако сакате да не направите избрзани заклучоци, дистанцирајте се себе си на сигурно место.

БИК: Ова е исклучително значаен период кога правите крупни промени: останете им лојални на своите бизнис партнери и на авторитетите, бидејќи наскоро ќе добиете позитивен фидбек. Покажете ја својата истрајност и упорност, како и сите квалитети на еден лидер: вашата работа ќе стане повторно популарна. Успех.

БЛИЗНАЦИ: Ако нешто ве измачува и претставува тешкотија и проблем, охрабрете се и оставете го тоа зад себе: време е да простите и заборавите за да дојдете до една поубава иднина. Потпрете се на својата разиграна природа и опуштете се малку: сетете се како ги исполнувавте своите желби како дете. Почнете да мечтаете повторно!

РАК: Сега е време да им се посветите на своите надежи и да работите работа која што одговара на вашиот сензибилитет: така ќе се освежите и заблескате повторно. Искуството ви кажува како да ги пречекате претстојните промени и да се соочите со непознатото: ве очекуваат нови откритија, шанси и нов циклус. Отстранете ги старите навики.

ЛАВ: Добро бирајте како ќе се изразите денес: се чини дека сите се премногу чувствителни, а најмногу вие самите. Можеби се чувствувате по малку непријатно, но и тоа ќе мине брзо: посветете го своте внимание дома и откријте како тивко да ги решите работите. Ќе откриете дека постојат сојузници меѓу вашите најблиски.

ДЕВИЦА: Дали знаете дека во вас постои бунар на желбите? Како, можеби ќе се запрашате, но замислете си како да сте инструмент низ кој што тече исцелителна енергија, која што можете да ја примените на себе си: решавањето на проблемите бара креативна енергија и не толку логични одговори. Тоа е мистицизам!

ВАГА: Колку и да сакате да останете фокусирани на целта, вашата фантазија ќе си игра со вас: тешко дека ќе успеете да останете мирни и прибрани. Со силни емоции нема да решите ништо, но може да направите дополнителен хаос: обидете се да останете пофлексибилни и суптилни во сите блиски односи и на крајот од денот ќе дојдете до успех.

СКОРПИЈА: Денес успевате да си ја вратите насмевката на своето лице: успешно се справувате со личните промени и знаете кому да ја покажете својата лојалност. Она во што верувате, тоа навистина и ќе постои, затоа продолжете имајќи самодоверба, без оглед какви се надворешните услови: тоа се мали ритуали кои што се повторуваат.

СТРЕЛЕЦ: Одличен ден за да ги покажете своите таленти и магија, со кои што набрзо доаѓате до интересни креации. Очекувајте важни информации од луѓе со благороден карактер: бидете будни за секоја нова шанса, особено на полето на науката. Она што ќе го разберете, сочувајте го само за себе и почекајте уште барем два дена.

ЈАРЕЦ: Одеднаш се соочувате со практични начини да дојдете до успех: со балансирани емоции ќе успеете да ѝ избегнете на замката наречена лутина, агресија и бес. Ова е важен ден, кога доаѓате до судбински промени и ако се соочите со својата темна страна, ќе успеете да станете поефикасни. Прослава со пријателите.

ВОДОЛИЈА: Силните планетарни влијанија може да направат да се чувствувате осамени: имате потреба да ги средите интимните врски и да се запрашате што навистина сакате на подлабоко ниво. Можеби работите ви се чинат мрачни и за сега сакате да сте само посматрач, а што воопшто не е лоша идеја. Набрзо доаѓа до промена: истрајте.

РИБИ: Доаѓате до момент во животот кога сфаќате дека вашите желби не се само пуста мечта, туку имате успешни идеи со кои што напредувате континуирано: убава комуникација со луѓето во непосредната околина, преку кои што разбирате нови работи за себе и учите на кој начин можете да уживате. Судбински средби со пријателите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]