Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Крајно време е да дозволите малку светлина да влезе преку небото над вас: не сте тука само да го браните своето место во светот, туку и да им дозволите на другите да бидат среќни. Бидете објективни и размислувајте логично, отфрлајќи го помпезното однесување: имањето на меч не ви обезбедува победа, туку моќта да ги смените слабите точки.
БИК: Иако луѓето околу вас се хипер нервозни, се чини како да носите невидлив штит, кој што ве штити од туѓата непромисленост: со убави квалитети, мирни и лојални, ќе знаете да го сочувате своето достоинсво и да заминете дома навреме. Лакот на сликата почнува да се лупи и сега се гледаат сите пропусти на работното место, но тие не се ваши!
БЛИЗНАЦИ: Можеби се соочувате со неетичко поведение кои што ви предизвикува горчина, а тоа се однесува на семејните и пријателските врски: нешто не се одвива како што треба и тоа ве загрижува. Не губете ја силата на тој начин, бидејќи постојат многу креативни солуции, за кои што треба да бидете храбри и да ги примените што поскоро: не чекајте повеќе.
РАК: Постојат силни причини поради кои треба да ги ревидирате работите: ако им се препуштате на тмурните мисли, тие ќе се рефлектираат во реалноста. Почекајте малку, припремајќи се за кулитиврана работа: сега нема брзи резултати, туку бавни промени кои што ќе ве одведат во саканата насока. Смислете нови диети и следете ги до крај.
ЛАВ: Истражувајте за да научите како можете да се подобрите: сега не е време да делувате сами, туку за тимска соработка. Најдобро се спознавате преку очите на другиот, па ако не ви се допаѓа она што го гледате, коригирајте се и покажете ја својата најдобра страна: широкогради и храбри, ќе напредувате ако ги здружите силите со некој.
ДЕВИЦА: Сега е добро да бидете отворени за пораките кои што пристигнуваат до вас: истражете го нивното подлабоко значење и така ќе откриете нов начин на живот. Без оглед на што сте фокусирани, работите еволуираат и тоа ќе ја врати насмевката на вашето лице. Најдете време за себе и своите потреби, менувајќи важни дневни навики.
ВАГА: Се чини дека не можете да мрднете ниту чекор: дома ве чекаат сериозни одговорности, а на професионален план работите се одвиваат бавно. Кому да се обратите? Секако најдобро е да ја слушнете својата дипломатска природа и да не се вознемирувате ако конфликтите може да ги обоите со фантазија: ќе изнајдете креативни солуции!
СКОРПИЈА: Веќе некое време сте предизвикани да синтетизирате две сосема спротивни страни во животот, а најмногу во партнерските и бизнис односите: оваквиот тип на конфликти ќе ви помогне да останете цврсти и излезете посилни од секоја битка. Во текот на денот најдете време да им се посветите на своите сакани и минете квалитетно време со нив.
СТРЕЛЕЦ: Конечно мала светлина ѕирка низ облаците и ги осветлува вашите најубави напори: она за кое што работевте, веќе носи плод. Прекрасен период во кој што уживате во задоволство и комфор, дома и на работното место: започнете некаков ангажман, кој што набрзо ќе го донесе саканиот резултат. Силна страст, емоции и креативност.
ЈАРЕЦ: Едно скапано јаболко може да ги расипе и останатите јаболки, па така и неодговорното однесување може да има понатамошни реперкусии: ако не денес, тогаш веќе утре ќе се соочите со преголем залак. Исполнете ги своите зборови и не дигајте галама: преголемата амбиција може да ве доведе во амбис, каде што нема помош.
ВОДОЛИЈА: Понесени од убави планетарни влијанија, може да направите грешка и да сакате да постигнете нешто што за сега не е изводливо: партнерска поддршка постои, но прашање е колку е искрена? Намалете ги своите очекувања и потпрете се на искуството: ако сте безгрешни и самите фрлете камен. Внимавајте во кој правец!
РИБИ: Знаете дека сте созреале оној момент кога туѓите размислувања и ставови немаат никакво дејство врз вас: слушајте го оној тивок глас кој што ви вели дека на крајот сѐ ќе биде во ред, особено ако се цените повеќе. Следете ја божествената искра во себе и главите полни со мудрост, а не торбите полни со пари и суета. Успех.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ