Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Имајќи доверба во личните моќи и шарм, го живеете животот како да не постои утре: сѐ останато е минато или незивесно, но затоа, пак, вие блескате одвнатре. Блиските ви веруваат и им давате разумни совети на оние кои што ги бараат. Прекрасно е да се биде во вашето друштво, без оглед дали сте дома или излезени.
БИК: Денес сте ослободени од стереотипите и ги прифаќате луѓето онакви какви што се: лежерни и самоуверени, уживате во новите информации, особено на работен план и размислувате како да се ослободите од вишокот на работа. Знаете дека некои методи треба да се променат и тоа ќе го направите со воодушевување.
БЛИЗНАЦИ: Одличен почеток на работната недела, кога ќе откриете што треба да задржите во животот, а од што да се ослободите засекогаш: вашиот внатрешен радар функционира одлично и ќе ви помогне да одлучите чии информации се валидни, а што треба да игнорирате. Животот е голема мистерија, но надежта е сама по себе среќа.
РАК: Постои чувство на континуиран прогрес, особено на финансиски и домашен план: се јавуваат шанси да направите крупни промени, за кои што сѐуште имате време за размислување – не брзајте! Размислете добро и одлучете што е најисправно за вас, а потоа обратете им се на емоционалните потреби: време е за реорганизација.
ЛАВ: Љубов, страст и здрав однос кон животот: што би посакале уште? Луксузот кон кој што стремевте е веќе тука и сега имате време да им посветите внимание на своите најдлабоки потреби: го цените секој слободен момент, но и својот личен простор. Навикнати да сте во центарот на вниманието, денес ќе треба да одлучувате праведно.
ДЕВИЦА: Ако сакате да оставите добра импресија, ќе треба да делувате на балансиран начин: не убедувајте ги другите, ниту себе си во својата гледна точка. Честитајте си на постигнатите успеси и откријте колку всушност сте храбри: дозволете му на срцето да одлучува и заблескајте! На тој начин ќе го претворите оловото во злато.
ВАГА: Ќе успеете да избегнете публицитет или скандал, имајќи чувство за баланс и пропорција: време е да започнете нешто и да се придвижите кон саканата цел. Љубените ќе бидат среќни кога ќе ве видат исполнети со енергија и амбиција, а ќе добиете поддршка и од шефовите, но и од колегите. Денес нема место за меланхолија.
СКОРПИЈА: Ако се соочите со некаков вид на провокација, смирете се и размислете за неосвестените нагони: сменете го стариот начин на однесување и планирајте како да се иксачите на следното ниво. Што и да се случи, ништо не трае вечно, затоа не плашете се и не тревожете се, туку размислете за промена на животниот стил.
СТРЕЛЕЦ: Што и да посакате, денес можете да постигнете сѐ: внимавајте само да не претерате во нешто, особено ако дојде до конфронтација со некоја важна фигура. Ќе успеете да ги промените работите кои што стагнираат, без оглед дали ќе останете да работите со тимот или ќе продолжите сами: имате сила да работите вредно.
ЈАРЕЦ: Нови шанси и предизвици, како и негативни влијанија, затоа заштитете се на време: ако чувствувате болка, не порекнувајте што се случува, ниту пак кријте се од одговорноста. Ова е време на неизвесност, во кое што не треба да очајувате: откријте ја мистеријата, запрашувајќи се прво себе си и не судете ги другите неправедно.
ВОДОЛИЈА: Некаков вид на натпревар ги усложнува работите, иако тој ги истакнува најдобрите црти на поединците: не фокусирајте се на туѓите слабости, туку превземете одговорност за себе. Кулата од песок може брзо да се сруши и со себе да повлече дополнителни консеквенци. Останете сигурни во своите сили во секоја нова ситуација.
РИБИ: Не борете се за туѓата цел, бидејќи тоа не ве мотивира: вратете го влијанието во својот живот, тежнеејќи кон духовен мир и топлина. Започнете да размислувате дека веќе сте го постигнале саканото и запрашајте се како се чувствувате: одлично, зарем не? Почнете да го повторувате истиот филм во својата глава и ќе останете насмеани.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ